|
За да поставите прашање кликнете овде |
|
|
Потпишан Меморандум за разбирање во енергетскиот сектор помеѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика и рударство на Република Косово Скопје, 05.07.2010
Министерот за економија на Република Македонија Фатмир Бесими и министерката за енергетика и енергетика и рударство на Република Косово Јустина Широка Пуља денеска го потпишаа Меморандумот за разбирање во енергетскиот сектор помеѓу двете министерства.
Потпишувањето на овој документ претставува воспоставување на формална основа за унапредување на досегашната успешна соработка во областа на енергетиката со Република Косово, на што ќе следи формирање мешовит оперативен тим на експерти од двете министерства и претставници од нивните национални компании, а каде е соодветно и претставници на други министерства, за предлози за натамошни чекори во соработката за имплементација на договорените области според овој меморандум.
Министерот Бесими по потпишувањето на Меморандумот истакна: „Осумте договори за соработка кои ги потпишани меѓу Република Македонија и Република Косово претставуваат јасен сигнал за политичката волја на двете влади за меѓусебна соработка меѓу земјите, кои својата перспектива ја гледаат во интеграцијата во ЕУ. Преку програмата за земјите од Западен Балкан поддржана од ЕУ, аплициравме со два проекта за развој на интерконекциската мрежа - за изградба на далекуводи кон Република Албанија и кон Република Косово – чија реализација ќе претставува заокружување на интерконекцијата меѓу Република Македонија и соседите“.
„Енергетиката како област секогаш носи предизвици, па оттаму за мене претставува огромно задоволство поптишувањето на овој Меморандум“, изјави министерката Јустина Широка Пуља. „Нашава досегашна соработка меѓу двете земји треба да биде пример за регионот. Косово е млада држава која работи на развој на инфраструктурата со посебен акцент на енргетската инфраструктура. Со оглед на фактот што Македонија е во понапредна фаза со проектите за искористување на хидропотенцијалот, енергетската ефикасност и хармонизацијата на законодавтсвото со европското, искрено сметаме на поддршка, размена на искуства и експертска помош во насока на реализација на нашите започнати проекти, а и на идните заеднички проекти, се’ со цел обезбедување на обврските од потпишаниот договор на Енергетската заедница и стабилност на енергетскиот систем“.
 На потпишувањето на Меморандумот претходеше и билатерална средба на двете делегации, на која од косовска страна присуствуваа Емилија Реџепи, заменик министер за енергетика и рударство, Скендер Дурмиши, вршител на должност, Амбасада на Р. Косово во Скопје, Фаик Нахи, виш советник за енергетика, Сарах Реџепи и Рамадан Гагица, советници за енергетика, а од македонска страна Катерина Костеска, државен секретар на министерството, Стојан Карајанов, амбасадор на РМ во Косово, Шпетим Нуредини, државен советник за енергетика и минерални суровини, Виолета Кецкаровска, раководител на сектор за енергетика и Арта Хамзаи, шеф на кабинет на министерот. |
|
|
|
|
|