Министерството за економија, согласно 6 програми, обезбедува финансиска поддршка за деловните субјекти во износ од 18 милиони денари
Преку неколку свои секторски програми Министерството за економија и годинава обезбедува субвенции за компаниите во Република Македонија. Целта на субвенциите е да се зголеми конкурентноста на македонската економија преку поддршка на претпријатијата, да се зголеми развојот на одделни сектори од индустријата, да се забрза воведувањето на меѓународни стандарди во работењето на домашните компании, да се зголеми способноста за иновации на претпријатијата во доменот на побрз развој заради подобра размена на информации, поголема флексибилност и соработката со истражувачките институции и сл. За таа намена од Буџетот се планирани 18 милиони денари, и тоа преку следниве програми со активности:
1. Програма за подобрување на конкурентноста на македонските производи и услуги
По основ на субвенции, планирани се средства во вкупен износ од 1,86 милиони денари, за следните намени: Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди; Финансиска поддршка за тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем; Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за изработено идејно решение за индустриски дизајн на производ пуштен во промет во последните три години; Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за поднесување на меѓународна пријава на патент, односно барање за потполно испитување на пријавата;
* За сертификација на систем за квалитет ISO, Министерството за економија надоместува 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 60.000,00 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата.
* За тренинг на НАССР тим за воведување, одржување и модификација на НАССР систем, Министерството за економија доделува финансиска поддршка за обука до три лица од деловниот субјект, при што за секое обучено лице ќе се доделат до 20.000,00 денари. За добивање на финансиска поддршка, барателот треба да врши производна дејност од прехранбената индустрија или угостителска дејност (ресторан и хотел).
* За изработка на идејно решение за индустриски дизајн на производ пуштен во промет во последните три години, Министерството за економија надоместува 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 30.000,00 денари поединечно за секој барател.
* За поднесување на меѓународна пријава на патент, односно барање за потполно испитување на пријавата, Министерството за економија надоместува 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 60.000,00 денари поединечно за секој барател.
Подетални информации... Формулари ...
2. Програма за развој на туризмот
По основ на субвенции, планирани се средства во вкупен износ од 25 милиони денари и тоа за:
* Субвенции за разни туристички манифестации и форуми во вкупен износ од 1 милион денари. Министерството за економија ќе субвенционира разни туристички манифестации и бизнис форуми кои се одржуваат од страна на туристичкото стопанство, за кои немаат доволно сопствени финансиски средства и бараат поддршка или субвенционирање од владините институции, а се интересни за развојот на туризмот.
Јавен повик ...
* Субвенционирање на странскиот организиран туристички промет во вкупен износ од 24 милиони денари. Согласно законската регулатива и донесувањето на Упатството за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет, од 1 јануари 2010 година за првпат Република Македонија ќе го субвенционира туристичкиот промет за донесен турист согласно условите наведени во упатството. Оваа мерка се превзема заради конкурентен домашен производ на меѓународниот пазар, ублажување на последиците од глобалната економска криза, како и поттикнување за развој на туризмот во државата. Средствата од првиот трансфер се очекуваат да бидат реализирани во втората половина на тековната година кога ќе започне сезоната за чартер и организиран туристички промет.
Упатство ...
3. Програма за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Македонија По основ на субвенции планирани се средства во износ од 1,9 милиони денари. Постапката за доделување на средства од оваа ставка ќе се изврши преку објавување на повик во јавните гласила за поддршка на анализи на кластерите, развој на деловни врски базирани врз конкретни акциони планови и проекти, со поднесување на програма за планирани активности и докажување на трошоците поврзани со соодветните активности.
Делот на трошоците за оваа намена ги надоместува Министерството за економија во висина од 75% од проектот, но не повеќе од 600.000,00 денари поединечно за секој барател.
Проектите треба да опфаќаат активности со кои ќе се поттикне: - вмрежување на кластерските здруженија во Европа и пошироко, - развој на производи, и - иновативност.
Подетални информации ... Формулари ...
4. Програма за поддршка на текстилната индустрија во Република Македонија
По основ на субвенции планирани се средства во износ од 3,5 милиони денари и тоа за текстилните компании кои инвестирале за:
* Развој на пазар во износ од 1,1 милион денари Постапката за доделување на средства од оваа ставка ќе се изврши преку објавување на повик во јавните гласила за покажување на интерес за поднесување на проекти од страна на текстилните компании поврзани со развој на пазарот. Делот на трошоците за оваа намена ги надоместува Министерството за економија во висина од 75% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 180 илјади денари поединечно за секој барател.
* Комерцијална инфраструктура во износ од 1 милион денари Постапката за доделување на средства од оваа ставка ќе се изврши преку објавување на повик во јавните гласила за покажување на интерес за поднесување на проекти од страна на текстилните компании поврзани со развој на комерцијална инфраструктура. Делот на трошоците за оваа намена ги надоместува Министерството за економија во висина од 75% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 180 илјади денари поединечно за секој барател.
* Технолошки развој во износ од 700 илјади денари Постапката за доделување на средства од оваа ставка ќе се изврши преку објавување на повик во јавните гласила за покажување на интерес за поднесување на проекти од страна на текстилните компании поврзани со нивниот технолошки развој. Делот на трошоците за оваа намена ги надоместува Министерството за економија во висина од 75% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 150 илјади денари поединечно за секој барател.
* Развој на човечки ресурси во износ од 700 илјади денари Постапката за доделување на средства од оваа ставка ќе се изврши преку објавување на повик во јавните гласила за покажување на интерес за поднесување на проекти од страна на текстилните компании поврзани со развој на човечки ресурси во компаниите. Делот на трошоците за оваа намена ги надоместува Министерството за економија во висина од 75% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 150 илјади денари поединечно за секој барател.
Подетални информации ... Формулари ...
5. Програма за заштита на потрошувачите за 2010 година Од буџетот на Министерството за економија планирани се финансиски средства од 370 илјади денари за:
* За финансиска поддршка на здруженијата на потрошувачите за членарина во Европската организација на потрошувачите - BEUC и Светската потрошувачка организација - Consumers International, средствата се планирани од буџетската програма на Секторот за внатрешен пазар во Министерството за економија, во износ од 70 илјади денари.
* За финансиска поддршка на здруженијата на потрошувачите согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите (“Службен весник на Република Македонија” бр.77/07), како и утврдени основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на јавен конкурс, кој се објавува со рок од 30 дена, за добивање средства од Буџетот на Република Македонија, согласно член 2 и член 4 од Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на Република Македонија” бр.130/07).
Подетални информации ...
6. Програма за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни препријатија за 2010 година
* Кофинансирање на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) - Enterprise Europe Network во износ од 3,1 милиони денари
Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) отпочна со работа во март 2008 година во рамки на конзорциумот предводен од УКИМ (универзитетот “Св.Кирил и Методиј”). ЕИИЦМ проектот е дел од европската CIP програма (Competitiveness and Innovation Program) и истиот треба да претставува влезна порта за информирање за можностите за градење на европски партнерства и инволвирање во заеднички проекти со МСП, преку оваа ЦИП програма. Почнувајќи од 2008 година, Владата на Република Македонија ги кофинансира активностите на ЕИИЦМ, а проектот, исто така, е кофинансиран и од ЕУ преку ЦИП програмата 2007-2013.
* Кофинансирање на проекти на Бизнис центрите за поддршка на МСП во вкупен износ од 1,9 милиони денари
- Финансиска поддршка на проекти за: 1. Организирање на основни обуки за старт-ап бизниси, 2. Обуки за постојните претприемачи, 3. Промоција на претприемништвото 4. Oрганизирање на саеми
Постапката за доделување на средства од оваа ставка ќе се изврши преку објавување на повик во јавните гласила за покажување на интерес и поднесување на проекти од страна на бизнис центрите и докажување на трошоците поврзани со соодветните активности.
* Кофинансирање на трошоците на бизнис инкубатори во износ од 650 илјади денари
- Финансиска поддршка на проекти за: 1. Организирање на обуки за станарите во бизнис инкубаторите 2. Консултантски услуги 3. Вмрежување 4. Организирање на B2B средби Постапката за доделување на средства од оваа ставка ќе се изврши преку објавување на повик во јавните гласила за покажување на интерес и поднесување на проекти од страна на бизнис инкубаторите и докажување на трошоците поврзани со соодветните активности во износ од 350 илјади денари.
* Кофинансирање на проекти за поддршка и промоција на занаетчиството.
- Финансиска поддршка на проекти за: 1. Организирање на форуми 2. Организирање на обуки 3. Промотивни активности (саеми, манифестации и др.) Постапката за доделување на средства од оваа ставка ќе се изврши преку објавување на повик во јавните гласила за покажување на интерес и поднесување на проекти од страна на регионалните занаетчиски комори, здруженија на граѓани и фондации за поддршка на занаетчиството, и докажување на трошоците поврзани со соодветните активности.
Подетални информации ... |