Faqja e parë Mapa e faqes Kontakti
| Вести насловна
09.09.2010 Македонски English
navigacion

AKTUALE

ФОРУМ
 

Прашања и одговори

За да поставите прашање кликнете овде



Вести насловна
Министерот Бесими ја промовираше Студијата за развој на туризмот на Шарпланинскиот регион
Попова Шапка, 26.06.2010

Промоција на Студијата за развој на туризмот на Шарпланинскиот регион, како производ од идеите и плодната дискусија на претставниците на владиниот, на невладиниот, на приватниот сектор, локалната самоуправа и на дипломатските претставништва во државата на минатогодишната Конференција „Дијалози на Шара“ во организација на Министерството за економија, се одржа во х.„Славија“ на Попова Шапка. Промоцијата ја отвори заменик претседателот на Владата на Република Македонија Абдилаќим Адеми, а дискусијата ја водеше министерот за економија Фатмир Бесими.

Свои аспекти по Студијата дадоа  министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи и пратеникот Вулнет Амети, улогата на модератор ја имаше државниот советник за туризам и угостителство Шовкет Хазари, а презентери на студијата и акциониот план беа Љубомир Димовски и Стефан Орозовиќ од “ЕПИ Центар Интернационал“, како и раководителот на секторот за туризам и угостителство Зоран Николовски.

Целта на Студијата за развој на туризмот на Шарпланинскиот регион е во период од 10 години, значи до 2020 година, да придонесе за научно, планско и систематизирано имплементирање на активности од областа на развојот на туризмот во регионот, со што Попова Шапка ќе го врати имиџот на препознатлива туристичка атракција, посакувана регионална туристичка дестинација и современ туристички центар, со модерни, квалитетни и конкурентни туристички производи на европскиот туристички пазар. 

Во подготовката на студијата целосно беа вклучени сите заинтересирани субјекти кои имаат интерес за развој на туризмот во Шарпланинскиот регион, при што централната улога во овој комплексен процес имаше Центарот за развој на Полошкиот плански регион, а директно беа вклучени петте општини од Шарпланинскиот регион: Тетово, Јегуновце, Теарце, Боговиње и Врапчиште. Притоа, од секоја општина беа номинирани претставници од општините, од невладините организации, туристичките ентитети, планинарски и спортски друштва, организации на жени и младински организации. Значи, студијата произлезе од идеите и потребите на оние на кои им е најпотребна и кои најмногу ќе ги почувствуваат ефектите од реализацијата на активностите предвидени со неа. Истите тие, земаа учество во дискусијата по овој стратешки документ, од кој произлегоа и неколку наоди и препораки, и тоа:

·        Зимски туризам: За реализација на активностите и проектите предвидени за развој на зимскиот туризам во Акциониот план на оваа студија е неопходна вклученост од сите засегнати страни (владини институции, општини, туристички субјекти, образовни институции, бизнис заедница). Притоа, неопходно е фокусирање на одредени типови туристички производи, кои ќе бидат промовирани и поддржани и на регионално и на национално ниво, во согласност со националната рамка за поддршка и промоција на туризмот.

Препораките се во насока на отстранување на бариерите за успешно реализирање на превидените проекти, и тоа:

O                  Изработка на ДУП за Попова Шапка, со кој ќе се најде решение за дивиградбите, а ќе се отворат можности за проширување за нови хотелско-угостителски и придружни објекти;
O                  Изнаоѓање на стратешки инвеститор по пат на јавен повик, кој ќе го имплеметира искуството во развивање и менаџирање на зисмки центри.

·        Развој на заштитени подрачја: Изобилството на разновидна флора и фауна во Шарпланинскиот регион, класифицирана на меѓународните листи за заштита на одредени видови, како и постоењето на делови од недопрена природа и уникатни пејзажи, претставуваат основа за заштита на деловите од Шар планина и нивно прогласување во заштитено подрачје. Но, оваа иницијатива досега не е целосно претставена пред локалното население, кое на прогласувањето на Национален парк препознава забрана за вршење на голем дел од активностите во планината и забрана за вршење на земјоделска/сточарска дејност. Според студијата, развојот на заштитени подрачја според неколкуте категории на заштита од споменик на природата до национален парк е значајна препорака за развој на туризмот во Шарпланинскиот регион, па оттаму се препорачува:

O      Изработка на студија за валоризација на природните вредности на Шарпланинскиот регион систематизирани според меѓународната класификација ќе овозможи прибирање на сите релевантни податоци за природното наследство на овој регион, што од тоа природно наследство е загрозено на меѓународно и национално ниво и кој степен на заштита треба да се предвиди, и
O       Организирање на јавна расправа со сите релевантни фактори во регионот и со локалното население, се со цел да се објаснат ефектите од прогласување на Национален парк Шар Планина и да се најде соодветно решение, прифатливо за сите.

·        Рурален туризам: Руралниот туризам е идентификуван како потенцијал за развој во сите општини од регионот, и од аспект на бројност на села низ Шар Планина, со специфична селска архитектура, културно -историски споменици, специфични традиции, сувенири, традиционални јадења,

се’ уште висок процент на младото и работоспособно население, постоењето на патна и основната комунална инфраструктура. Во регионот постојат голем број на туристички патеки за пешачење, велосипедизам, планинарење, како и планинарски домови, каде се потребни поголеми зафати за реновирање. Меѓу препораките за развој на руралниот и сите видови алтернативен туризам се наметнуваат:

O                  Мапирање и изградба на туристички патеки;
O                  Изградбата на планински патишта или нивна реконструкција е значаен проект за подобрување на туристичката инфраструктура до туристичките атракции во регионот, од ипот на уникатните Боговињско езеро, Црно езеро и Беловишки водопади.

.        Други наоди и препораки:

O      Заштита и унапредување на животната средина, преку  изградба на регионална депонија и организирано собирање на отпадот;
O      Маркетинг и промоција на туристичките вредности и производи, преку креирање на туристичка интернет презентација за регионот;
O      Развој на човечки ресурси во руралниот туризам преку пакет обуки за туристичките работници
O      Меѓугранична соработка преку инвестирање патна инфраструктура за подобрување на комуникацијата меѓу двете страни.

 

Стечај

Заштита на потрошувачи

Агенција за енергетика

Регулаторна комисија за енергетика

Биро за метрологија

Институт за акредитација

Институт за стандардизација

Потпишани договори за Берис проектот

 
© Copyright 2009, Ministria e ekonomisë, Të gjitha të drejtat janë të mbajtura