Насловна Мапа на сајтот Kонтакт
| Вести насловна
вторник, 07 септември 2010 English Shqip
Навигација

Најава

ФОРУМ
 

Прашања и одговори

За да поставите прашање кликнете овде



Вести насловна
Министерот за економија Фатмир Бесими учествуваше на 8.Европски бизнис самит како дел од елитното друштво на ’Идни лидери на Европа’ за оваа година
Брисел, 30.06.2010 

Министерот за економија Фатмир Бесими денеска учествуваше на 8. Европски бизнис самит, во организација на Европскиот бизнис форум, како дел од ’Идни лидери на Европа’, кои дискутираа на тема „Како да ја вратиме Европа на вистинскиот пат“.

’Идни лидери на Европа’ претставува уникатна заедница на исклучителни млади лидери кои делат исти заложби за креирање на глобалната иднина, чиј основач е “Think Young”, кој идентификуваше 300 значајни лица до 35 годишна возраст, од сите делови на Европа. Овие лидери се од различни профили и професии: претприемачи, политичари, менаџери, членови на граѓанското општество и претставници од медиумите.

Министерот за економија Фатмир Бесими, поради неговите извонредни досегашни активности, како што беше наведено во поканата од организаторот, е избран да биде дел од ’Идни лидери на Европа’ за оваа година.

На овој самит, кој беше поделен во неколку сесии – Европа по кризата, Иднината на финансирањето, Нови вештини за нови вработувања, Енергија за Европа, Економски развој и иновации, Нова бизнис клима – земаа учество многу заначајни личности од политиката и од деловниот живот, меѓу кои и: Паскал Лами, генерален директор на СТО, Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија, Оли Рен, еврокомесарот за финансии и монетарна политика, Дидиер Рејндерс, вицепремиер и министер за финансии на Белгија, Винсент Ван Квикенборн, министер за економија и реформи на Белгија, Мигел Себастијан Гаскон, министер за трговија, индустрија и туризам на Шпанија, Карел де Гухт, еврокомесар за трговија, Гинтер Отингер, еврокомесар за енергетика, Јанез Поточник, еврокомесар за животна средина и многу други.

 

Стечај

Заштита на потрошувачи

Агенција за енергетика

Регулаторна комисија за енергетика

Биро за метрологија

Институт за акредитација

Институт за стандардизација

Потпишани договори за Берис проектот

 
© Copyright 2009, Министерство за економија, Сите права задржани