Насловна Мапа на сајтот Kонтакт
| Вести насловна
четврток, 09 септември 2010 English Shqip
Навигација

Најава

ФОРУМ
 

Прашања и одговори

За да поставите прашање кликнете овде



Вести насловна
Министерот за економија учествуваше на прес конферeнцијата одржана по повод претстојниот Фестивал за уживање и здрав живот „Да шараме по Шара“
Скопје, 01.07.2010

Во организација на Балканската асоцијација за алтернативен туризам „Балканија“ и планинарските друштва „Шара ски“ од Тетово и „Трансверзалец“ од Скопје, а со поддршка од Министерството за економија, од денеска до недела на падините на Шара ќе се одржи Фестивалот за уживање и здрав живот „Да шараме по Шара“. Фестивалот почнува со отворање на планинарско-велосипедската трим-патека „Вргањ“, од Попова Шапка до Стударек - Видиковец.

Целта  на  овој  настан  од  меѓународен карактер  е  да  се  претстави  Шар Планина како туристичка дестинација и во летниот период.

На манифестацијата се планирани бројни содржини наменети за доближувње на благодетите на планината и овозможување на секој посетител  задоволство  и  уживање во природата на Шара. Пешачење, планинарење, алпинизам, натпревари во  ориентација, „Даун Хил“ - екстремно возење велосипед, параглајдерство, маратонско  возење со  велосипеди по патеката „Шарски Води“ -  90  км (од  Попова Шапка до Бунец, Маврово), трибини за потенцијалите на Шара, изложба на фотографии, дегустација на традиционална храна од регионот се дел од активностите планирани во рамки на овој фестивал.

„Овој проект е одличен начин за промоција на македонскиот алтернативен туризам. Она што го имаме како природно богатство подготвени сме да го поделиме со другите“, рече министерот за економија Фатмир Бесими на денешната прес конференција по повод фестивалот. Иницијативите како „Да шараме по Шара“, додаде Бесими, можат да придонесат многу за претставување на нашиот туристички потенцијал.

Организаторите на „Да шараме по Шара“ - Фестивал за уживање и здрав живот очекуваат учество на преку 800 лица од Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора.

 

Стечај

Заштита на потрошувачи

Агенција за енергетика

Регулаторна комисија за енергетика

Биро за метрологија

Институт за акредитација

Институт за стандардизација

Потпишани договори за Берис проектот

 
© Copyright 2009, Министерство за економија, Сите права задржани