Faqja e parë Mapa e faqes Kontakti
| Договори
09.09.2010 Македонски English
navigacion

AKTUALE

ФОРУМ
 

Прашања и одговори

За да поставите прашање кликнете овде



Договори
договори за слободна трговија
Централноевропски договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006)
Договорот за изменување и пристапување во ЦЕФТА наречен ЦЕФТА 2006 е потпишан на 19 декември 2006 година во Букурешт. Од 22.11.2007 година стапи на сила во однос на сите потписнички на Договорот и тоа: Р. Македонија, Р. Албанија, Босна и Херцеговина, Р. Хрватска, Р. Молдова, Р. Црна Гора и УНМИК за територијата на Косово....
ЕФТА Договор
ЕФТА Договорот е мултилатерален Договор склучен помеѓу Република Македонија и (Швајцарската Конфедерација, Кралството Норвешка, Република Исланд и Кнежеството Лихтенштајн) на 19.06.2000 година во Цирих. Собранието на РМ го ратификува Договорот во ноември 2001 година (Службен весник на РМ број 89/2001), а неговата примена отпочна на 1 мај 2002 година...
Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина
Договорот за слободна трговија меѓу РМ и Украина претставува правна рамка со која се регулира билатералната трговска соработка меѓу двете земји, се применува од 10 септември 2001 година и истиот е објавен во Службен весник на РМ бр. 53/2001...
Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција
Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција ја регулира трговијата меѓу двете држави, се применува од 1 септември 2000 година, истиот е објавен во Сл. весник на РМ бр. 83/99...
Договори за трговска и економска соработка
Договор за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија
Договорните страни ќе придонесуваат за развој и проширување на заемно корисната економска соработка. Договорните страни ќе вложат напори за развој на билатералната економска соработка на широка основа, особено во следниве области: индустрија, земјоделство, шумарство, водостопанство, сектор енергетика, истражување и развој, градежна индустрија, сообраќај и логистика, заштита на животната средина, туризам, унапредување на инвестициите, соработка на мали и средни претпријатија....
Спогодба меѓу македонската Влада и австриската Сојузна Влада за стопанска земјоделска, индустриска, техничка и технолошка соработка
Договорните страни ќе се трудат за продолжување, за хармоничен понатамошен развој и проширување на билатералната стопанска, земјоделска, индустриска, техничка и технолошка соработка. Таа соработка ќе се одвива во рамките на важечкото национално законодавство на нивната држава, согласно правата и обврските од основниот договор на Европската заедница и обврските кон Општата спогодба за царина и трговија (GATT) и Светската трговска организација (WTO)....
Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Кувајт за економска и техничка соработка
Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Кувајт за економска и техничка соработка ја претставува правната рамка со која се регулира економската соработка меѓу двете земји. Спогодбата е склучена во Кувајт на 12 јуни 2000 година, а истата е ратификувана на 23 јануари 2002 година (објавена е во Службен весник бр. 13/2002)...
Договор за економска, комерцијална и техничка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар
Договорот за економска, комерцијална и техничка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар ја претставува правната рамка со која се регулира економската соработка меѓу двете земји. Договорот е склучен на 21 март 2005 година во Доха, а истиот е ратификуван на 6 декември 2005 година (објавен е во Службен весник бр. 110/2005)...
Спогодба за трговија и стопанска соработка меѓу Македонската Влада и Албанската Влада
Спогодбата за трговија и стопанска соработка меѓу Македонската Влада и Албанската Влада претставува дел од правната рамка со која се регулира стопанската соработка меѓу двете земји. Спогодбата е склучена на 4 декември 1997 година воТирана. Истата е ратификувана на 19 март 1998 година (објавена е во Службен весник бр. 15/98)....
Спогодба за трговска и економска соработка меѓу Република Македонија и Република Турција
Спогодбата за трговска и економска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Турција претставува дел од правната рамка со која се регулира трговската и економската соработка меѓу двете земји. Спогодбата е потпишана на 17 март 1994 година во Анкара, а истата е ратификувана на 29 март 1995 година (објавена е во Службен весник бр. 19/1995)...
Договор за трговска и економска соработка меѓу Република Македонија и Исламска Република Иран
Договорот за трговска и економска соработка меѓу Република Македонија и Исламската Република Иран е правната рамка со која се регулира трговијата меѓу двете земји. Тој е потпишан на 3 јули 2002 година, во Скопје, а истиот е ратификуван на 24 декември 2002 година (објавен е во Службен весник број 100/2002)...
Спогодба за стопанска соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија
Спогодбата за стопанска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Словенија е склучена на 17 ноември 1992 година, во Љубљана, а истата стапи на сила на 20 јуни 1992 година (објавена е во Службен весник бр. 37/1992 од 12 јуни 1992 година). Таа претставува правна рамка со која се регулира економската соработка меѓу двете земји. Со пристапувањето на Република Словенија во ЕУ, билатералната трговска соработка со оваа држава продолжи да се одвива во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) потпишана меѓу РМ и земјите членки на ЕУ...
Спогодба за трговија и економска соработка, склучена меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација
Спогодбата за трговија и економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација е потпишана на 28 мај 1993 година, а истата е ратификувана на 30 јули 1993 година од Собранието на Република Македонија...
Договор меѓу Македонската Влада и Украинската Влада за трговска и економска соработка
Овој Договор претставува правна рамка со која се регулира билатералната трговска соработка меѓу Република Македонија и Украина. Истиот е потпишан на 3 јуни 1997 година во Скопје, а неговата примена отпочна од 6 февруари 1998 година...
Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за трговска и стопанска соработка
Договорот за трговска и економска соработка на РМ со НР Кина претставува дел од правната рамка со која се регулира трговската соработка меѓу двете земји. Договорот е склучен на 31 мај 1995 година во Пекинг. Истиот е ратификуван на 29 ноември 1995 година (објавен е во Службен весник бр. 60/95)....

 

Стечај

Заштита на потрошувачи

Агенција за енергетика

Регулаторна комисија за енергетика

Биро за метрологија

Институт за акредитација

Институт за стандардизација

Потпишани договори за Берис проектот

 
© Copyright 2009, Ministria e ekonomisë, Të gjitha të drejtat janë të mbajtura