Крводарителска акција во Министерството за економија

24.02.2016 14:08:26

 

Вкупно 10 единици крв се собрани во крводарителската акција што за првпат ја организираа Министерството за економија, Црвениот крст на општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Вработените во Министерството за економија, свесни за важноста од организирање на ваков тип општествено одговорни активности, ја подржаа оваа акција и својата хуманост ја покажаа на дело. Радува фактот, што поголемиот број од пријавените крводарителите се млади луѓе.

Оваа акција, која ќе му овозможи на Црвениот крст да ја прошири мрежата на дарители, ќе прерасне во традиционална и ќе се одржува два пати годишно. Следната крводарителска акција е планирана да се одржи во септември 2016 година.

Скопје,  22.02.2016