Оглас за директор на CEFTA секретаријатот

27.12.2016 12:48:51

Влада на Република Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

 

во  соработка со

 

ЦЕФТА СЕКРЕТАРИЈАТ - БРИСЕЛ

ОБЈАВУВА  КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА

ДИРЕКТОР НА ЦЕФТА С
ЕКРЕТАРИЈАТОТ,  БРИСЕЛ, КРАЛСТВОТО БЕЛГИЈА 

Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) е модерен и сеопфатен регионален договор за слободна трговија, создаден  како составен дел на агендата за пред-пристапување. Тој обезбедува силна правна основа за формулирање на политиките и примена на клучните области поврзани со трговија и инвестиции. Успешното спроведување на договорот во тек со целосна либерализација на трговијата со стоки значително придонесе за создавање на зона на слободна трговија во Југоисточна Европа. ЦЕФТА Страните се согласија на амбициозна агенда за натамошен придонес на економскиот раст.

Секретаријатот на ЦЕФТА 2006 е основан во Брисел, Белгија, во септември 2008 година, во согласност со член 40.2 од Договорот. Целокупната улога на Секретаријатот е да обезбеди техничка и административна поддршка на Мешовитиот комитет, претседавачот со ЦЕФТА и секое тело основано од страна на Мешовитиот комитет.

Посебно назначената Комисија за избор сега бара аплицирање за позицијата директор.

Детален опис на работното место и образецот за апликација се достапни на: 

http://www.cefta.int/vacancy 

Соодветните апликанти ги вклучуваат државните/јавните службеници од државната администрација и персонал од меѓународните организации, приватниот сектор и граѓанското општество. На успешниот кандидат ќе се понуди  конкурентен договор од ЦЕФТА Секретаријатот.

Заинтересираните кандидати треба да испратат писмо и пополнет образец за апликација (двете на англиски јазик) на:  cefta.int/contact/vacancy 

Крајниот рок за прием на апликациите е петок 10 февруари (на полноќ) 2017 година. Само кандидатите од потесната листа ќе бидат контактирани за интервју. 

Министерството за економија известува дека текстот на македонски јазик заради запознавање на заинтересираните апликанти со содржината на огласот,  описот на работното место и формуларот за апликација се достапни на веб страната на министерството за економија: 

 http://www.economy.gov.mk                                                                                                             

 

 



Опис на работното место >>>
Формулар за апликација >>>