ИЗВЕСТУВАЊЕ

15.06.2017 09:49:52

Со задоволство ве информираме дека денеска, 15 јуни 2017 година (четврток), во дневните весници „Вечер“ и „Коха“ е објавен конкурсот за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2017 година, реализирани во периодот од 1 јуни 2016 до 1 јуни 2017 година.

Рокот за аплицирање за Наградата е до 1 септември 2017 година.

Ве известуваме дека и годинава повторно ќе биде доделено Признание за најинвентивен проект или практика, со цел да ве поттикне да изнајдете нови, различни и креативни начини за реализирање на вашите општествено одговорни практики.

Информативно-едукативната средба за заинтересираните компании ќе се одржи на 3 јули 2017 година, во ЕУ Инфо центарот, со почеток во 13:00 часот.

Истите се објавени и на веб страниците на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата (www.cbcsr.mk) и на Бизнис Конфедерација на Македонија (www.bcm.mk)