Јавен повик - Повик за изразување на интерес ("Повик за ИИ") за добивање на консултантска помош за ЕУ финансирање

17.11.2017 10:45:31

 Министерството за економија објавува Јавен повик - Повик за изразување интерес ("Повик за ИИ"), кој се реализира во рамки на проектот финансиран од ЕУ "Ревизија на индустриската политика 2009-2020; FWC BENEF 2013 Лот 10 2017/384799/1", со цел да се обезбеди краткорочна помош - on job assistance - на 3 избрани организации, за да се олесни нивното активно вклучување во проектите финансирани од ЕУ. Краткорочната помош - on job assistance - ќе биде обезбедена од страна на експерт од ЕУ и ќе биде реализирана во периодот од декември 2017 до април 2018 година во период од 5 работни дена во просториите на апликантите, со работа на предложениот проект.

1.   Изборот на кандидати ќе продолжи во едно фазна постапка. Кандидатите кои сакаат да учествуваат на овој јавен повик се бара да го достават Формуларот за изразување на интерес ("EoI") и Изјава со која потврдуваат дека ќе бидат на располагање деновите кога консултантот ќе ги реализира договорените активности (Declaration of Availability). Документите, треба да се приложат на e-mail адреса: jasmina.majstoroska@economy.gov.mk  и blerim.zllatku@economy.gov.mk.

2.  Краен рок за доставување на бараните документи е 06.12.2017 до 16:00 часот.

3. Сите формулари треба да бидат пополнети на англиски јазик, бидејќи и соработката со експертот ќе се реализира на англиски јазик.

За повеќе информации можете да се обратите на тел. 02 3093 492



Public Invitation - Call for Expression of Interest (“Call for EoI”) for receiving on job assistance on EU funding
The Expression of Interests Form (EoI/Application Form)
Declaration of Availability