ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ

05.03.2018 13:44:12

План за економски раст 

Владата на Република Северна Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски раст“, поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании.

Првите два столба од Планот, се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции - Службен весник број 83/2018, број 98/19 и број 124/19 година, усвоен од Собранието на Република Северна Македонија, додека мерките од третиот столб се спроведуваат преку имплементација на Среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, со што се овозможува практична реализација на мерките од Планот за економски раст.

Во продолжение можете да ја преземете презентацијата во која се прикажани сите мерки од Планот за економски раст, на македонски и англиски јазик, Законот за финансиска поддршка на инвестициите на македонски и албански јазик, Правилниците за доделување и исплата на финансиска поддршка, како и среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој. 

1.Презентација на мерките од Планот за економски раст

2.Закон за финансиска поддршка на инвестициите 

 

Постапка за ДОДЕЛУВАЊЕ на финансиска поддршка

Надлежни органи за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка се:

  • ДТИРЗ - Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (За инвестициски проекти во технолошко индустриски развојни зони) и
  • АСИПИ - Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (За инвестициски проекти надвор од технолошко индустриски развојни зони).
  •  
  •  

Постапките се објаснети во правилниците во продолжение:

3.Правилник за формата содржината барањето за доделување на финансиска поддршка и потребна документација (Сл.весник на Република Северна Македонија бр.142/19 година

4.Правилник за исплата на финансиска поддршка

5.БАРАЊЕ  за доделување на финансиска поддршка - АСИПИ

6.БАРАЊЕ за доделување на финансиска поддршка - ДТИРЗ

7.Модел- деловен план  

8.Модел – Писмо за намери       

 

Барањата за доделување на финансиската поддршка по однос на реализираните инвестициски трошоци од претходната година се доставуваат помеѓу 16 март до најдоцна до 30 јуни од наредната година. За сите комплетирани барања деловните субјекти ќе склучат договори за финансиска поддршка. После склучувањето на договорот за финансиска поддршка,  корисникот поднесува барање за исплата на финансиската поддршка.

 

Постапка за ИСПЛАТА на финансиска поддршка

Корисникот на финансиската поддршка кој склучил договор за финансиска поддршка и ги исполнил условите согласно Законот, доставува Барање за исплата на финансиската поддршка со потребната документација до надлежните органи ДТИРЗ или АСИПИ.

Надлежните органи за исплата (ДТИРЗ и АСИПИ) го разгледуваат Барањето за исплата на финансиската поддршка и откако ќе утврдат дека се исполнети условите за користење на финансиска поддршка предвидени во овој закон, ќе извршат исплата на износот кој му следува на корисникот не подоцна од 60 дена од денот на поднесување на комплетно барање за исплата.

9.БАРАЊЕ  за исплата на финансиска поддршка 

За проверка на исполнување на условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции како и проверка на  износот на очекувана државна помош  на реализирани или идни планирани инвестиции, може да се користи Калкулаторот на финансиска поддршка на инвестиции и конкурентност.

10.Калкулатор на финансиска поддршка на инвестиции и конкурентност 

 11.Среднорочна програма на Фондот за иновации и технолошки развој за период 2018-2020

Контакт:

ДТИРЗ- Дирекција за технолошки индустриски развојни зони

Бул. „Партизански Одреди“ бр. 2, 1000, Скопје http://fez.gov.mk/ 

Контакт тел :  +389 (0)2 311 11 66 

АСПИИ- Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Ул. „Никола Вапцаров“ бр. 7,1000 ,Скопје http://www.investinmacedonia.com

Контакт тел:  +389 3169 100 , +389 3100 111