Известување во врска со Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства за 2018 година

24.04.2018 13:34:56

Во врска со Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства за 2018 година, Ве информираме дека заклучно со 20.04.2018 година средствата предвидени во Буџетот за 2018 година за надомест на оваа мерка се веќе искористени. 

Ова е една од трите мерки предвидени во Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година, со вкупен буџет од 50 милиони денари, за која беа издвоени 6 милиони денари.

Целта на оваа мерка за надомест на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства  беше да се стимулираат домаќинствата да ја користат сончевата енергија во Република Македонија.

Тоа значи на сите оние кои купиле и вградиле сончеви термални колекторски системи во домаќинствата по објавување на јавниот повик  на 30 март 2018 и аплицираа со потребните документи,  им се овозможи надоместување на дел од трошоците до 30 %, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2018 година. Принципот по кој се врши доделувањето на надоместокот е „прв дојден прв услужен“, а до целосно исцрпување на средствата за оваа намена, после што ќе бидат изготвени решенија за исплата на надоместокот за домаќинствата кои ги исполниле условите утврдени со Програмата. Листата на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе биде објавена на веб страната на Министерството за економија.