ИЗВЕСТУВАЊЕ за поништување на Јавниот повик за субвенционирање на туристички проекти, манифестации и форуми од областа на туризмот

31.08.2018 14:22:55

Согласно Програмата за развој на туризмот за 2018 година (,,Службен весник на Република Македонија” бр.17/2018), точка 5 - Субвенции за разни туристички проекти, манифестации и форуми Министерството за економија на ден 02.03.2018 година објави Јавен повик за субвенционирање на туристичи манифестации, проекти и форуми од областа на туризмот, на веб страната и во дневните весници Слободен печат и Коха.

Јавниот повик траеше до 30.03.2018 година а право на аплицирање имаа сите заинтересирани субјекти, правни лица, владини и невладини организации од областа на туристичкото стопанство, фондации и здружениjа на граѓани регистрирани според Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр.52/10) и Бизнис Центрите формирани во рамки на општините, основани за цели поврзани со поддршка и развој на туризмот.

Предмет на јавниот повик беше кофинансирање на манифестации, проекти и форуми од областа на туризмот, согласно Програмата за работа на Министерството за економија, кои се одржуваат од страна на туристичкото стопанство, а се од значаен интерес за поттикнување и развој на туризмот во Република Македонија.

Вкупниот буџет предвиден за оваа активност изнесува 3.000.000,00 денари. 

Максималниот износ за кофинансирање на трошоците по проект е 60% од вкупната вредност на проектот но не повеќе од 100.000,00 денари.

По разгледување на поднесените  апликации по јавниот повик се констатира дека поголемиот број од апликанти во рамките на нивната дејност на работење немаат  поврзаност со туризмот, односно истите се културни, еколошки или спортски друштва кои немаат директен импакт во туристичкото стопанство, поради што овие субјекти  при одобрување на барањата, со реализација на нивните проекти нема да ги постигнат целта и  посакуваните резултати и очекувања во областа на туризмот согласно барањата во јавниот повик.

Имајќи предвид дека ваквата состојба произлегува од недоволно прецизираните услови во самиот јавен повик, односно точката 2 во која е наведено кој има право на учество на јавниот повик и истата предизвикува забуна кај апликантите од аспект на тоа кој има право да учествува на јавниот повик согласно дејноста која истите приоритетно ја обавуваат, Министерството за економија утврди дека критериумите и условите објавени во јавниот повик се многу опширни и по истите не може да се направи мониторинг и проценка на ефектите од самите проекти кои би ја оправдале целта на објавувањето на јавниот повик во насока на развој на туризмот во Република Македонија.