ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

07.12.2018 16:36:25

 Со потпишување на Договорот за основање на Енергетската заедница, Република Македонија се обврза да имплементира дел од законодавството на Европската унија кој се однесува на енергетската ефикасност.

Република Македонија има обврска да ги транспонира следните директиви и регулативи во националното законодавство од областа на енергетската ефикасност и тоа:

- Директива 2012/27/EU за енергетска ефикасност;

- Директива 2010/31/EC за енергетски карактеристики на зградите, 

-Регулативата 2017/1369 за утврдување на рамка за означување на потрошувачката на енергија, како што се усвоени и изменети од Министерскиот совет на Енергетската заедница.

Целта на новиот Закон за енергетска ефикасност е да спроведат политиките и  мерките, онака како што е опишано во третиот Национален акциски план за енергетска ефикасност.




ЗАКОН >>>