ЈАВЕН ПОВИК За кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото во Република Северна Македонија

09.10.2019 13:28:12

 

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија“  бр. 16/2019), Министерството за економија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото во Република Северна Македонија

 

 

1.     ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

 

Кофинансирање на проекти на фондации и здруженија на граѓани за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото во Република Северна Македонија.

 

Согласно Програмата за конкурентност,  иновации и претприемништво за  2019 година дел II област А. Поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија и занаетчиство за: Мерка 1.2. Кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото во Република Северна Македонија предвидени се средства во износ од  4.500.000,00 денари.

 

Финансиската поддршка се однесува на кофинансирање на 75% од трошоците за реализација на проектни активности поврзани со некој од долунаведените  приоритети, но не повеќе од 450.000,00 денари по проект:

 

Приоритети:

Ø  Креирање на поволно деловно опкружување и јакнење на инфраструктурата за поддршка на развојот на МСП и претприемништво;

Ø  Унапредување на продуктивноста и конкурентноста на МСП;

Ø  Поддршка и развој на женското претприемништво и

Ø  Јакнење на капацитетите на МСП за полесен пристап до капитал.

 

2. ПРАВО НА УЧЕСТВО

 

Право на учество имаат сите активни фондации и здружениjа на граѓани формирани со цел развој, поддршка и промоција на претприемништвото и конкурентноста на МСП регистрирани според Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 52/2010, 135/2011 и 55/2016),  стопански комори и организации на работодавачи, активни најмалку една година пред објавување на јавниот повик (упис во Централниот регистар на РСМ) и кои имаат најмалку 1 ( еден ) вработен на неопределено полно работно време.

 

На овој јавен повик немаат право на учество:

-          Здружениjа на граѓани и Фондации во чиј Статут не е наведено дека  се формирани со цел развој, поддршка и промоција на претприемништвото и конкурентноста на МСП (спортски, културни, туристички, и друг вид на здруженија и фондации).

-        Здруженија на граѓани и фондации кои се формирани за цели за кои Министерството за економија обезбедува финансиски средства од Буџетот на РСМ и тоа: кластерски здруженија (кластери), здруженија и фондации за заштита на потрошувачите и здруженија и фондации за поддршка и развој на туризмот.

-        Aпликантите кон кои Министерството за економија води постапка поради ненаменско искористување на доделени средства за оваа намена врз основа на објавени јавни повици во претходни години.

 

3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

·         Образец „Барање – КП-МСП 2019“;(може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за економија  www.economy.gov.mk);

·         Образец „Проект – КП-МСП 2019“;(може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за економија  www.economy.gov.mk);

·         Образец „Изјава – КП-МСП 2019“, заверена на нотар (може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk);

·         Листа на моментално вработени лица издадена од Агенцијата за вработување не постара од 2 (два) месеци;

·         Статут на апликантот;

·         Тековна состојба од Централен регистар не постара од 2 (два) месеци;

·         Уверение од Управата за јавни приходи за платени даноци и придонеси не постаро од 2 (два) месеци.

 

4. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊАТА

 

Горенаведената документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија.

Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница ја потврдува подносителот на барањето со свој  потпис и печат.

Еден апликант може да аплицира само со еден проект по овој јавен повик.

Барањата  заедно со потребната документација се доставуваат во затворен плик до Архивата на Министерство за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје, секој работен ден од 9:00 -15:00 часот, заклучно со  21.10.2019 година

 

На пликот треба да стои :

До Министерство за економија

За „Јавен повик за кофинансирање на проекти за развој и поддршка на претприемништвото и конкуретноста на МСП во Република Северна Македонија“, со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ “.

 

Барањата за кофинансирање на проекти ги разгледува Комисија формирана од Министерот за економија.

 

Детални насоки за подготовка на апликацијата и критериумите за евалуација на проектите можете да најдете на веб страната на Министерството за економија (линк до Насоки за пријавување и критериуми за евалуација)  www.economy.gov.mk .

 

 

 

               тел: (02) 3093 445; 3093 508; 3093 501     www.economy.gov.mk

 

 



Насоки за пријавување и критериуми за евалуација >>>
БАРАЊЕ За кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото во Република Северна Македонија >>>
Образец „ИЗЈАВА-КП МСП 2019“ >>>
Образец „ ПРОЕКТ– КП МСП 2019“ >>>