СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ЈАВНИТЕ ОГЛАСИ ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПЕНИ СОНЧЕВИ КОЛЕКТОРИ И ПВЦ ПРОЗОРЦИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 2019 ГОДИНА

14.10.2019 15:21:01

Во врска со Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колектори во домаќинствата за 2019 година и Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени ПВЦ прозорци во домаќинствата за 2019 година, Министерството за економија информира за следното:

Владата на Република Северна Македонија ја донесе Програмата за изменување и дополнување на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 189/2019). Согласно измената на Програмата за овие два огласи беа одобрени дополнителни средства и тоа во износ од 5 милиони денари за субвенции за сончеви колектори и во износ од 14.700.000,00 денари за субвенции за ПВЦ и алуминиумски прозорци.

Согласно претходното, Министерството за економија ќе објави делумни листи на лица кои го остваруваат правото на надомест по однос на овие два огласи, а согласно одобрените дополнителни средства, задолжените комисии ќе продолжат со  разгледување на пристигнатите барања заклучно со  30.06.2019 година по принципот “прв дојден прв услужен“, се до искористување на предвидените средства за оваа намена.