Објава на конкурс за избор на директор на ЦЕФТА секретаријат

03.11.2015 23:08:42

 

Влада на Република Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА


во  соработка со

ЦЕФТА СЕКРЕТАРИЈАТ - БРИСЕЛ

ОБЈАВУВА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА

ДИРЕКТОР НА ЦЕФТА СЕКРЕТАРИЈАТОТ,  БРИСЕЛ, КРАЛСТВОТО БЕЛГИЈА

 

Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) е модерен и сеопфатен регионален договор за слободна трговија, создаден  како составен дел на агендата за пред-пристапување. Тој обезбедува силна правна основа за формулирање на политиките и примена на клучните области поврзани со трговија и инвестиции. Успешното спроведување на договорот во тек со целосна либерализација на трговијата со стоки значително придонесе за создавање на зона на слободна трговија во Југоисточна Европа. ЦЕФТА Страните се согласија на амбициозна агенда за натамошен придонес на економскиот раст.

Секретаријатот на ЦЕФТА 2006 е основан во Брисел, Белгија, во септември 2008 година, во согласност со член 40.2 од Договорот. Целокупната улога на Секретаријатот е да обезбеди техничка и административна поддршка на Мешовитиот комитет, претседавачот со ЦЕФТА и секое тело основано од страна на Мешовитиот комитет.

Посебно назначената Комисија за избор сега доставува апликации за избор на позицијата директор.

Детален опис на работното место и образецот за апликација се достапни на:http://www.cefta.int/vacancy

Соодветни апликанти вклучува државни/јавни службеници од државната администрација и персонал од меѓународните организации, приватниот сектор и граѓанското општество. На успешниот кандидат ќе се понуди конкурентен договор од ЦЕФТА Секретаријатот.

Заинтересираните кандидати треба да испратат писмо и пополнет образец за апликација (двете на англиски јазик) на:  recruitment@cefta.int

Крајниот рок за прием на апликациите е петок 27 ноември (на полноќ), 2015 година. Само кандидатите од потесната листа ќе бидат контактирани за интервју.



Опис на работното место директор на ЦЕФТА секретаријат
Фомулар за апликација