Мисија визија и приоритети на МЕ

 

МИСИЈА

Министерството за економија, согласно надлежностите утврдени со Закон, за работи  на создавање на услови за развој на индустријата , регулацијата на  внатрешниот пазар,  развој на енергетскиот сектор , создавење на услови за поттикнувачка деловна и инвестициона  клима за  раст на деловните активности и инвестициите,  развој на претприемништвото и малите и средни претпријатија, искористувањето на природните минерални ресурси , зголемување и промоција на извозот , развој на јавно-приватното партнерство  и  развој на туризмот ,интеграција во Европската Унија.

 

ВИЗИЈА

Во периодот 2018-2020  година Министерството за економија во рамките на своите надлежности  ќе  работи за  остварување на  визијата за :

 

·         Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитетот на живеење.

·         Остварување на  пораст на животниот стандард и вработеноста  преку  динамичен стабилен и одржлив економски развој  со просечен пораст на БДП од 2,5-3,2 отсто. Економскиот развој  ќе биде заснован  врз зголемени инвестиции, конкурентен и иновативен индустриски корпоративен сектор , развој на кластерингот и вклучување на македонските компании во мрежата на глобални добавувачки ланци , развиен претприемачки сектор на микро, мали и средни претпријатија, регулиран внатрешен пазар и примена на европските стандарди за квалитет , раст на извозот  и инвестициите, сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија и енергенти; создавање на ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор; поттикнување на конкуренцијата на енергетските пазари почитувајќи ги начелата на недискриминација, објективност и транспарентност; интегрирање на енергетските пазари на Република Македонија во регионалните и меѓународните енергетски пазари во согласност со обврските преземени со ратификуваните меѓународни договори; зголемување на енергетската ефикасност и поттикнување на искористувањето на обновливите извори на енергија; заштита на животната средина од негативните влијанија при вршењето на одделни дејности од областа на енергетиката, привлекување на инвестиции во изградбата на нови енергетски објекти, развој на туризмот со подобрување на стандардите на туристичката понуда  и  зголемена  валоризација и промоција на македонските туристички можности.

·         Усвојување и примена на европската регулатива и стандарди во областа на индустријата, енергетиката, искористувањето на минералните ресурс , внатрешниот пазар, развојот на  МСП, општествената одговорност   и туризмот.

·         Поттикнувањеи поддршка за поинтензивно користење на  средствата од инструментите за предпристапна помош на ЕУ (ИПА) и Програмите на Заедницата (COSME) во функција на  остварување на  динамичен и иновативен развој на индустријата , енергетиката , туризмот  и  малите и средни претпријатија и интеграција во ЕУ.

 

ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА

·         Зголемување на економскиот раст и на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот;

·         Поддршка на домашните претпријатија, пред сѐ на малите и средните и зголемување на  нивото на платите во економијата, политика насочена кон проширување на финансиската понуда за раст на малите и средни претпријатиј;

·         Развивање на претприемништвото;

·         создавање на поволна деловна клима со политики на соработка со бизнис-секторот, унапредување на концептот и практиките за општествена одговорност, недискриминација, зголемена ефикасност и транспарентност на институциите и целосно почитување на правната држава;

·         Поддршка на активностите на на  мрежата на инстиотуции за поддршка на МСП и занаетчиство;

·         Макроекономска политика насочена кон безусловно задржување на макроекономската стаблност и зголемување на конкурентноста на економијата на трајна основа, зголемување на вработеноста и социјална заштита н најранливите категории, пред се преку натамошно подобрување на деловното окружување и креирање еднакви можности за економски раст и развој на сите учесници во економските процеси.

·         Подобрување на конкурентноста на македонските производи.

·         Обезбедување на енергетска достапност до сите граѓани и претпријатија и стимулирање иновативни решенија и напредни технологии за производство на обновливи извори на енергија и намалување на учеството на фосилните горива, снабдувањето на потрошувачите со сите видови на енергија и енергенси.

·         Зголемување на учеството на обновливите видови енергија во финалната потрошувачка на енергија и зголемување на енергетската ефикасност.

·         Зголемување на туристичката понуда и градење на препознатлив туристички имиџ со воведување на светски стандарди во туристичко-угостителските услуги.

·         Унапредување на добрососедските односи, активно учество во регионалните иницијативи и јакнење на соработката со европските и воневропските земји, на билатерален, регионален и мултилатерален план.