Посебни советници

1. Посебениот советник за инвестиции го советува министерот и дава стручни насоки од областа на инвестиции, ги координира активностите при спроведувањето на политиките и помага со својата стручност при дефинирање на основните правци на инвестиционата политика, врши најсложени задачи кои бараат посебна самостојност и стручност по однос на инвестиционите активности, иницира и предлага ставови по начелни прашања при спроведување на инвестиционата политика од надлежност на Министерството за економија, ја организира соработката од овие области со други институции и ги координира активностите при донесување на законската регулатива од областа на инвестиционата политика во надлежност на министерството.  

Диелза Мехмети, посебен советник за инвестиции

тел. +389 2 3085 487

e-mail:  mehmetid@economy.gov.mk

Бруто плата .....................54.989,00 денари 

Нето плата .......................36,8630.00 денари

 

2. Посебниот советник за меѓународна трговија ги координира и насочува активностите во врска со меѓународната активност на министерот, ги организира и го придружува министерот на билатералните средби со  министрите и амбасадорите на одделни земји и при неговото  учество на меѓународни конференции,  форуми и настани, подготвува обраќања, ставови, изјави и информации за меѓународните активности на министерот и министерството од одржаните средби на министерот  и од неговото учество на меѓународните конференции, форуми и настани, подготвува преписки, поздравни писма, покани и телеграми и друга кореспонденција до министрите и амбасадорите на други земји, дава стручни мислења и насоки при остварувањето на контактите со средствата за јавно информирање и при организирање на средби со претставниците на медиумите, активно соработува со останатите министерства и други институции, агенции и организации во земјата, остварува редовна соработка со државниот советник за  ЕУ интеграции и меѓународна соработка и со раководителите на секторите и разменува информации за активностите во делот на меѓународната соработка и трговија.

Александра Спасевска - Посебен советник за меѓународна трговија

тел.+389 2 3085 347

e-mail: aleksandra.spasevska@economy.gov.mk

Бруто плата .....................54.989,00 денари 

Нето плата .......................36,8630.00 денари