Министер за eкономија
ВАЉОН САРАЌИНИ стапи на функцијата министер за економија во јули 2011 година, поставувајќи ги за приоритети во својот мандат подобрувањето на бизнис климата, зголемувањето на конкурентноста на македонската економија, развојот на ефикасен и стабилен енергетски систем, планското и одржливо искористување на минералните суровини и развој на туризмот. Роден е на 24 јули 1981 година.
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
Јули 2011
Министер за економија
2010 - 2011
Директор за комуникации и маркетинг во Универзитетот Американ Колеџ – Скопје: одговорен за подготвување на комплетна маркетинг стратегија, стратегија за односи со јавност и маркетинг кампањата на УАКС, иницирање и реализација на активности поврзани со Деловниот совет и Алумни клубот, во согласност со потребите на деловната заедница и на УАКС, како и комуникација со бизнис групи, владини агенции и НВО-а.
2007 - 2010
Оперативен директор во Универзитетот Американ Колеџ – Скопје: менаџирање на активностите на Универзитетот и координација на одделните сектори, планирање и дефинирање на буџет и спроведување на плановите, воспоставување работни процеси и политики кои помагаат во извршување на активностите поврзани со Универзитетот, дефинирање, мерење, евалуација и подобрување на квалитетот на услугите.
2002 - 2004
Административен службеник во Норвешки совет за бегалци – Скопје: планирање и реализирање на активностите во делокругот на функционирањето на оваа невладина организација и континуирана комуникација со јавноста.
ОБРАЗОВАНИЕ
2010
Постдипломски студии
Лидерство, претприемништво, корпоративно управување, рекламирање и промоција, маркетинг истражување, корпоративни финансии – напредно ниво
Универзитет Американ Колеџ - Скопје
2006-2009
Дипломиран економист по деловна администрација - маркетинг
Бизнис стратегија и политика, маркетинг менаџмент, организациско однесување, корпоративни финансии
Универзитет Американ Колеџ - Скопје
Јазици: Албански (мајчин), македонски и англиски јазик
МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ
Октомври 2011, Кишињев: Учество на Деветтиот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Република Молдавија, која во текот на 2011 година е претседавач на енергетската заедница.
Октомври 2011, Приштина: На чело на државната делегација на првиот состанок на Мешовитиот комитет по Договорот за економска соработка меѓу Македонија и Косово, како и на бизнис делегацијата од околу 50 деловни субјекти, на Косовско - македонскиот бизнис форум во Приштина.
Октомври 2011, Лондон: Член на владината делегација на Инвестицискиот форум во Велика Британија, во рамки на Роуд шоуто што се одржа во Лондон.
Ноември 2011, Белград: Учество на Самитот на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), кој се одржа во рамките на српското претседавање со ЦЕИ.
Ноември 2011, Скопје: Учество на првиот регионален самит кој во организација на Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО) во Скопје.
Ноември 2011, Париз: Учество на 5. Седница на Мешовитиот Комитет на ЦЕФТА, со кој претседаваше Република Косово.
Ноември 2011, Париз: Учество на Министерската конференција на земјите на Југоисточна Европа, во организација на ОЕЦД, Владата на Словенија и Регионалниот совет за соработка, на тема „Визија за земјите од ЈИЕ 2020“.
Декември 2011, Тирана: Билатерална средба со министерот за економија на Република Албанија г-дин Насип Начо во Република Албанија.
Јануари 2012, Истанбул: Билатерална средба со министерот за економија на Република Турција г-дин Зафир Чаглајан.
Јануари 2012, Скопје: Билатерална средба со министерот за економија на Република Србија, г-дин Небојша Ќириќ во Република Македонија.
Јануари 2012, Софија: Билатерална средба со министерот за економија на Република Бугарија, г-дин Трајчо Трајков.
Јануари 2012, Истанбул: Учество на Роуд шоу во Република Турција, како член на владината делегација предводена од Премиерот Никола Груевски.
Февруари 2012, Копенхаген: Учество на Неформалниот совет за конкурентност на покана на данскиот министер за бизнис и развој Оле Сон.
Февруари 2012, Брисел: Работна средба со Претседателот на ASPЕCT CONSULTING во Брисел.
Февруари 2012, Киев: Учество на Форумот за туризам во Украина.
Март 2012, Скопје: Средба со висока делегација на НР Кина, која дојде во официјална посета на Република Македонија, на која беа претставени и можностите за продлабочување и проширување на економската соработка.
Март 2012, Скопје: Средба со мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим, како дел од Владиниот тим, за време на неговата посета на Република Македонија, а во рамки на претседавачката улога на Слим на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој во Охрид.
Април 2012, Приштина: Учество на Првиот Меѓународен Бизнис Форум во Приштина.
Мај 2012, Љубљана: Билатералната средба помеѓу Министерот за економија на Република Македонија г-дин Валон Сараќини и Министерот за економски развој и технологија на Република Словенија г-дин Радован Жерјав.
Јуни 2012, Санкт Петербург: Учество на Меѓународниот економски форум во рамките на Роуд шоу во Русија.
Јули 2012, Тирана: Билатерална средба со Претседателот на Владата на Република Албанија, г-дин Сали Бериша.
Септември 2012, Скопје: Втор состанок на Мешовитиот комитет по Договорот за економска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово, како и билатерална средба помеѓу Министерот Сараќини и Министерот Беќај.
Септември 2012, Лондон: Financial Times Global Energy Leaders Summit 2012.
Септември 2012, Скопје: Средба помеѓу Министерот за економија Ваљон Сараќини и Министерот за економија и комуникации на Република Естонија Juhan Parts;
Септември 2012, Скопје: Свечено отварање на Македонско-естонскиот бизнис форум и претставување на инвестициските потенцијали и проекти.
Октомври 2012, Загреб: Entrepreneurship – Education Regional Summit: a charter for entrepreneurial learning: the keystone for growth and jobs.
Ноември 2012, Тирана: редовна седница на мешовитиот комитет на ЦЕФТА.
Ноември 2012, Тирана: Министерска Конференција на Југоисточна Европа” South East Europe 2020 – Towards Convergence and Growth“.
Ноември 2012, Будимпешта: член на официјалната делегација при официјална посета на Република Унгарија предводена од Премиерот Никола Груевски.
Ноември 2012, Братислава: Потпишување на Меморандум за економска соработка помеѓу Министерствата за економија на Република Македонија и на Словачка Република.
Ноември 2012, Тирана: Член на официјалната делегација предводена од ПВРМ при официјалната посета на Република Албанија.
Ноември 2012, Тирана: Учество на Економски Форум во рамките на Тирана Интернационалниот Саем во Република Албанија.
Ноември 2012, Тирана: Учество на прославата по повод 100-годишнината на Република Албанија.
Јануари 2013, Доха: член на официјалната делегација при официјална посета на Државата Катар, предводена од Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.
Февруари 2013, САД: Учество на 61. Национален молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон, средба со претставници на Стопанската комора на Менхетен во Њујорк, посета на американската компанија Fast Pack Trading во Њујорк, средба со претседателот на Албанско-американскиот национален совет во Вашингтон, посета на компанијата Benjamin M Corp. во Њујорк, средба со членовите на УО на Албанскиот исламски културен центар.
Февруари 2013, Будимпешта: Учество на Првата седница на Мешовитата комисија по Договорот за економска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Унгарија.





Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb






