Национален комитет за олеснување на трговијата

Националниот комитет за олеснување на трговија се формира со Одлука на Владата на Република Македонија во октомври 2017 година, и со него претседава министерот за економија г-дин Крешник Бектеши. Националниот комитет за олеснување на трговијата го сочинуваат вкупно 22 институции и тоа 16 државни институции, 3-те економски комори и 3-те асоцијации за превоз и шпедиција.

Целта на постоење на ваков комитет е да се олесни домашната координација во однос на примена на одредбите од Спогодбата за олеснување на трговијата, која е составен дел на Светската трговска организација (СТО).

Спогодбата бара од земјите членки на Светската трговска организација, каде што Република Македонија е полноправна членка на оваа организација од 4 април 2003 година,  во целост да обезбеди услови за олеснување на прекуграничната трговија помеѓу земјите членки на СТО, преку спроведување на следните постапки:

-поедноставување на  царинските постапки низ ефикасна соработка помеѓу царината и надлежните органи за контрола при увозот, извозот и транзитот на стоките

-олеснување на прекуграничната трговија  (создавање на заеднички систем за управување со ризик)

-обука на транзитните координатори по целосна интеграција во транзитниот систем на ЕУ и др.

-ревизија и надградба на постапките за електронско издавање на дозволи за извоз, увоз и транзит на стоки

-ревизија и надградба на постапките за распределба на стоките пред тие да пристигнат на граница за вршење на царинска контрола, и др.

Формирањето на Национален комитет за олеснување на трговијата е обврска согласно член 23 точка 2 на Спогодбата, кој треба тесно да соработува со Комитетот за олеснување на трговијата во СТО.

Спогодбата официјално влезе во сила на 22 февруари 2017 година, по депонирање на инструментот за ратификација на спогодбата од 110-те земји членки на СТО, од вкупно 164 земји членки.

До денес 134 земји членки на СТО ја имат ратификувано Спогодбата (или вкупно 81.7% од земјите), што покажува дека земјите членки на СТО имат голем интерес оваа спогодба да се применува во националното законодавство. 

Република Македонија  ја ратификува Спогодбата на 31 јули 2015 година  (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.130/2015), а на 19 октомври 2015 година го депонира инструментот за нејзино прифаќање и постана 50-та земја членка на СТО што ја заврши постапката за прифаќање.

 

СПОГОДБА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА ВО РАМКИ НА СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

PROTOCOL AMENDING THE MARRAKESH AGREEMENT ESTABLISHING THE WORLD TRADE ORGANIZATION

СПОГОДБА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА

NOTIFICATION OF CATEGORY A COMMITMENTS UNDER THE AGREEMENT ON TRADE FACILITATION COMMUNICATION FROM THE REPUBLIC OF MACEDONIA /1

NOTIFICATION OF CATEGORY COMMITMENTS UNDER THE AGREEMENT ON TRADE FACILITATION COMMUNICATION FROM THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA /2

NOTIFICATION OF ENTRY INTO FORCE

POWER POINT ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СПОГОДБАТА /1

POWER POINT ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СПОГОДБАТА /2

 

ФОРМИРАЊЕ И РАБОТА НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА

ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА

ОДЛУКА ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА

РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ЧЛЕН И ЗАМЕНИК ЧЛЕН ВО РАБОТАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА

 

СЕДНИЦИ НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА

ПРВА СЕДНИЦА

ДНЕВЕН РЕД НА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА

ЗАПИСНИК ОД КОНСТИТУВНАТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ

СПИСОК НА ПРИСУТНИ НА СЕДНИЦАТА

ВТОРА СЕДНИЦА

ДНЕВЕН РЕД 

ЗАПИСНИК ОД ВТОРИОТ СОСТАНОК НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА

СПИСОК НА ПРИСУТНИ НА СЕДНИЦАТА