Национален стандард 1016:2018 за бетон

Македонскиот национален стандард МКС 1016:2018 е изработен од Работната група „РГ 2 – Бетон на национални документи“ при Техничкиот комитет ИСРМ ТК 25 – Бетон, производи од бетон и ѕидарија.

Овој македонски национален стандард се користи заедно со стандардот МКС EN 206:2014+А1:2017, Бетон – Спецификација, својства, производство и сообразност.

Македонскиот стандард МКС 1016:2018 содржи правила кои се применуваат во врска со стандардот МКС EN 206:2014+А1:2017. Националниот документ кон МКС EN 206, кој е изработен во согласност со одредбите од наведениот стандард, ги дава критериумите за својствата, производството и сообразноста на бетонот и се користи како водич за употреба на MKC EN 206. Важи за бетони на конструкции, како и за претподготвени производи и претподготвени конструкциски елементи.

Македонскиот национален стандард е со задолжителна примена од 01.01.2019 година. 

Текстот на стандардот можете да го најдете на WEB страницата на Институтот за стандардизација на Република Македонија www.isrm.gov.mk.