Министерот Бектеши се сретна со амбасадорот на Косово во Македонија Н.Е Илбер Хиса

14.06.2017 14:11:33

Скопје, 14.06.2017 година

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со амбасадорот на Косово во Република Македонија Н.Е Илбер Хиса. За време на средбата се разговараше за политичката и економската  состојба во двете земји и потребата за проширување на меѓусебната трговската соработка.

Министерот Бектеши  изрази задоволство од досегашната соработка со Косово во сите области, и истакна дека Косово е важен партнер на Република Македонија.

Амбасадорот Хиса го запозна министерот со работите во врска со автопатот „Арбен Џафери“ кој ги поврзува Косово и Македонија, и најави дека автопатот се очекува да се пушти во употреба во месец октомври. Министерот Бектеши изрази максимална посветеност и подготвеност за подобра соработка меѓу двете земји.

На крајот двајцата соговорници истакнаа дека добрососедските односи меѓу двете земји, дефинитивно ќе имаат позитивно влијание и се важни фактори за економскиот развој и стабилност на регионот.