Министерот Бектеши: Безусловна поддршка за занаетчиите во Старата Чаршија

29.06.2017 16:00:00

Министерот за економија, Крешник Бектеши  денеска оствари работен состанок со претседателот на Здружението на занаетчии "Еснаф" Бејтула Морина и претседателството на ова здружение кое дејствува во Старата чаршија во Скопје.

Министерот Бектеши рече дека Старата скопска чаршија е една од најубавите и најпрометните делови во главниот град, додавајќи дека високо го цени вниманието кое Еснафот го дава за зачувување на културното наследвство, оригиналноста, традицијата на шаршијата и особено старите занаети.

Министерот Бектеши истакна дека продолжувањето на занаетите, особено старите кои не може да се најдат во било кое друго место е многу важно и затоа Министерството за економија, како дел програмата за развојот на туризмот и занаетчиството  програмата, втора година по ред го спроведува проектот за реставрација на излозите на дуќаните на старата скопска чаршија.

Министерството за економија го спроведува проектот за поправка на оштетени излози рече Бектеши, со цел да се зачува автентичниот изглед на чаршијата, додавајќи дека оваа година продолжува и со субвенционирањето на занаетчиите со буџет од  1,6 милиони денари.

Претседателот на Здружението на занаетчии Еснаф Бејтула Морина се заблагодари на Министерството за економија и на министерот Бектеши за подршката и информираше за активностите на здружението.

Бектеши и Морина се согласија наскоро да се продолжи со реализиција на соработката во повеќе сфери, за  да се создаде подобра средина за занаетчиите во чаршијата и подобар амбиент за големиот број на туристи кои го посетуваат овој дел на Скопје.

Скопје, 29.06.2017