Законот за финансиска поддршка на инвестициите влегува во владина процедура – компаниите задоволни од мерките од Планот за економски раст

05.03.2018 15:10:44

Скопје, 05.03.2018 Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши остварија средба со претставници на членки на Стопанската комората на Република Македонија, кадешто информираа за динамиката на спроведување на мерките од Планот за економски рааст.

Министерот за економија Бектеши информираше дека Законот за поддршка на инвестициите, веќе во среда оваа недела ќе влезе во владина процедура, а се очекува веќе наредната недела да влезе во сообраниска процедура.

„Посебно сум задоволен што и тука меѓу сопанствениците добивме голема поддршка за овој мерките од Планот за економски раст. Би сакал да ги повикам сите компании да ги искористат мерките кои ги нудиме со Законот за финансиска подршка на инвестициите и на тој начин да го подобриме животниот стандард на граѓаните на Република Македонија и да го поттикнеме економскиот развој на државата“, истакна министерот Бектеши.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека очекува имплементацијата на овој Закон да ја раздвижи економската активност во Република Македонија

„На средбата со претставниците на компаниите – членки на Стопанската комора на Македонија направивме завршни консултации за текстот на Законот за поддршка на инвестициите. Изминатите шест месеци водевме јавна дебата со сите засегнати страни, ги вградивме сите издржани забелешки и ценам дека предлог Законот е применлив и лесно имплементирачки и ќе придонесе за раст на индустријата и економијата“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески посочи дека компаниите се задоволни со мерките од Планот за економски раст и дека стопанството изразува поддршка за побрзо донесување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

„Очекуваме брза постапка за донесување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, за да компаниите бидат поттикнати на нови инвестиции и зголемување на бројот на вработени. Даваме максимална поддршка на имплементација на мерките од Планот за економски раст, бидејќи околу 8.000 компании имаат можност да искористат поддршка“, подвлече Азески.