Бектеши: Дијаспората, дел од финансиската поддршка за инвестирање во земјата

08.03.2018 21:20:30

Скопје, 8 март 2018 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска одржа работна во Стопанската комора на Северозападна Македонија, каде пред претставниците на деловните субјекти, членки на комората, ги презентирааше мерките за финансиска поддршка на инвестициите. 

Министерот Бектеши пред Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа рече дека со Стопанските комори како партнери на Министерството за економија се креираат и спроведуваат економските политики во земјата. Планот за економски раст, рече Бектеши вклучува три главни столба, финансиска поддршка за инвестиции, финансиска поддршка за конкурентност и финансиска поддршка за малите и средните претпријатија. 

За прв пат, додаде Бектеши, се предлагаат мерки со кои ќе се стимулира и дијаспората, односно за сограѓаните кои привремено живеат и работат во странство се создадаваат услови за враќање во земјата, и инвестирање, додавајќи дека време е да се запре иселувањето на младите и нивно враќање во Македонија. 

"Меѓу главните теми за кои што разговаравме денес беше и приклучувањето на дијаспората во мерките за финансиска поддршка, со што ќе ги привлечеме да инвестираат во земјава. Како што знаете, предлагаме мерки за поддршка за нашите сограѓани кои привремено живеат во странство, со единствена цел да имаат можност да се вратат во земјата, и тука да го инвестираат својот капитал, стекнат во странство. Во следните неколку дена ќе работиме на изнаоѓање модалитети за поддршка на инвестициите што доаѓаат од нашите сограѓани кои живеат во странство", рече министерот Бетеши. 

Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Неби Хоџа, рече дека законот е многу позитивен и дека членовите на комората направиле темелна анализа на овој закон, при што коментарите на сите се позитивни. Хоџа додаде дека тие бараат олеснување на процедурите за аплицирање, контрола на распределбата на овие средства и поголемо внимание да се посвети на жените претприемачи од руралните области на земјата. 

"Законот за финансиска помош за инвестиции е закон што долго време го чекаме, и е закон со кој нашата комора постојано го поддржува, бидејќи тоа е закон кој се грижи за малите и средни претпријатија, а економијата на земјата зависи токму од овие бизниси", рече Хоџа. 

Министерот Бектеши ја искористи можноста да им го честита Меѓународниот ден на жената, 8 март на сите жени во Македонија, информирајќи ги дека во форма на мал подарок Министерството за економија го објави Јавниот повик за субвенции за претпријатија менаџирани од жени.