Дритон Кучи го презеде ресорот економија од Беким Незири

06.04.2016 09:21:04

Дритон Кучи и официјално седна во министерската фотелја во Министерството за економија. Тој денеска ја презеде должноста од неговиот претходник Беким Незири.

На примопредавањето, Незири го запозна својот колега со проектите во неговиот мандат, како и надлежностите на министерството, потенцирајќи ја неопходноста од континуирана работа на постојните цели, како што се растот на економијата, привлекувањето на странски инвестиции, зголемувањето на извозот и подобрување на деловната клима и му посака успешна работа на новиот министер.

Новиот министер за економија Дритон Кучи е магистер по правни науки (уставно право) и докторант на Правниот факултет на Унивезритетот „Свети Кирил и Методиј“. На позицијата министер доаѓа од Државниот универзитет во Тетово, од позицијата координатор на дисперзираните студии на ДУТ во Скопје, а преходно бил асистент докторант на ДУТ и помлад асистент на ФОН.   

Скопје, 05.04.2016