Бектеши: Годинава рекорден број на туристи во земјата

16.07.2018 09:02:41

Охрид, 15.07.2018  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работна посета во Охрид, каде се сретна со градоначалникот на Охрид, Јован Стојановски, а по средбата заедно со градоначалникот остварија средба со претставници на ХОТАМ, а тема на разговорот беше туристичката сезона 2018 и владините мерки за поддршка на туристичките капацитети во земјата. 

Министерот Бектеши по средбите изјави дека годинава, односно првиот квартал од 2018-та, во споредба со истиот период лани има раст на бројот на туристи воопшто насекаде во Македонија,  а особено во охридско-струшкиот регион. 

'Ланската година ја затворивме со безмалку милион туристи, и со 2.7 милиони ноќевања, што само посебе е рекорд, а првиот квартал имаме 227 илјади туристи и 470 илјади ноќевања, што е добро имајќи во предвид дека најзначајните за туризмот, двата идни квартала, тек доаѓаат, очекуваме бројот од милион туристи да го надминеме' изјави Бектеши. 

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојановски изјави дека капацитетите на хотелите во Охрид се преполни. 

'Сел на градот е истото да го постигнеме и надвор од летната сезона, и на оваа тема разговаравме со министерот, имајќи предвид дека и министерството за економија и владата нудат мерки за понатамошно развивање на туризмот' изјави Стојановски. 

Претседателот на ХОТАМ, Крсто Блажевски изјави дека е задоволен од поддршката шѕо хотелиерите ја довиваат од локалната и централната власт. 

'Владините мерки помагаат, и затоа разговаравме и предложивме чекори, зс да сезоната биде уште побогата, а наредната година да имаме уште повеќе домашни и странски туристи' реле Блажевски. 

Министерот Бектеши најави и нови четири овионски линии од охридскот аеродром кон европски градови, со што охридскиот аеродром ќе се претвоти во аеродром на ниско буџетни компании, и ќе може да ги искористи неговите капацитети.