Министерот Дритон Кучи се сретна со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река

25.04.2016 13:32:03

Министерот за економија Дритон Кучи, се сретна со амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Фатос Река, при што беше истакнато дека односите меѓу Македонија и Албанија се одлични, и на политички план и во областа на економијата.

Министерот Кучи информираше дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи со планираната динамика, истакнувајќи дека радува фактот што изградбата на 400 kV далновод Битола-Елбасан, за двете земји ќе отвара можности за нова соработка и заедничко вклучување во регионалниот пазар.

Министерот Кучи изјави дека договорот ЦЕФТА-чиј потписник се двете земји, треба да биде целосно имплементиран, а во случај на потреба да се спроведе проверка на земјоделски производи, тие трерба да се чуваат во соодветни депоа, се до завршувањето на проверктите од страна на Министерството за земјоделство.

Кучи се заблагодари на албанската влада за поддршка на Македонија евроатланската интеграција, нагласувајќи го ставот про САД и Европската унија, и рамките на регионалната соработка, со Албанија и Косово.

Амбасадорот на Албанија Фатос Река изјави дека е благодарен на неограничената подготвеност на министерото Кучи во надминувањето на проблемот на албанските камиони со земјоделски производи. Река  го пвтори барањето двете фитосанитарни лабаратории  да потпишат договор за соработка, со цел размена на информации помеѓу нив и да не се повторат ваквите ситуации на државните граници.

Река додаде дека соработката меѓу двете се води преку 71 склучени договори, и побара нивото на соработка во економски план да го достигне нивото на политичката соработка. Река, додаде дека Албанијаги  следи со внимание и загриженост актуелните политички случувања во земјата.

Министерот Кучи најави дека, многу скоро ќе спроведе официјална посета на Албанија.