Заменик министерот Кире Наумов ја предводи македонската делегација во Братислава

24.10.2018 13:48:30

Заменик министерот за економија Кире Наумов ја предводи 25-члената делегација од македонска страна која денеска и утре (24-25.10.2018 година), во Братислава, ќе учествува на Втората седница на Мешовитата комисија по Меморандумот за економска соработка меѓу министерствата за економија на Република Македонија и Словачката Република.  Како копретседател на Комисијата од македонска страна, Наумов, заедно со својот колега од словачка страна, Растислав Хованец во рамки на седницата ќе дискутиураат за можностите за зајакнување на економската соработка во повеќе области, и тоа: трговија и индустрија, инвестиции, земјоделство и шумарство, енергетика, градежништво, телекомуникации, туризам и друго.