Министерот Бектеши на економска конференција во Будва

24.10.2018 16:00:56

Министерот за економија Крешник Бектеши на 25 и 26 октомври ќе учествува на економската конференција „Балкан и ЕУ – петгодишен циклус на Берлинскиот процес, која се одржува во Будва – Црна Гора. На панел дискусијата на тема „Регионалната соработка како сегмент на европските интеграции/Економијата - генератор на целокупниот развој“, тој ќе го претстави напредокот на Република Македонија по Акцискиот план од Трст, кој е израз на сериозните заложби за унапредување на економската интеграција на регионот, како чекор кон европската интеграција, а ќе ги презентира и досегашните резултати од Планот за економски раст и реализираните реформи во насока на одржлив економски развој.