Mинистерот Кучи во текот на првата посета во странство, се сретна со четири министри од владата на Еди Рама

03.05.2016 12:16:45

 Министерот за економија, Дритон Кучи, за време на својата прва официјална посета во странство, која ја спроведе во Тирана оствари средби со министерот за економски развој, трговија и претприемништво, Милва Економи, министерот за енеретика и индустрија, Дамјан Ѓикнури, со министерот за земјоделство Едмонд Панарити и со министерот за инфраструктура, Едмонд Хаџинасто. 

Министерот Кучи ја оцени посетата како многу успешна, а соработка меѓу Македонија и Албанија  одлична во сите области. За време на средбата со министерот за економија Милва Економи, министерот Кучи рече дека одличната соработка во сферата на економијата со Албанија, ќе продолжи и понатаму, врз основа на билатерални договори и со доследна примена на договорот ЦЕФТА, чии потписник се двете земји. Министерката Економи се заблагодари на министерот Кучи за посетата и за неговиот придонес во јакнењето на економската соработка меѓу двете пријателски земји.

За време на средбата со министерот за енергетика и индустрија Дамјан Ѓикнури, двајцата министри изразија задоволство од соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката. "Предмет на нашиот разговор беше заедничката изградба на далекуводот Битола-Елбасан, проект кој ќе помогне да се создаде стабилно и одржливо снабдувањето со електрична енергија, бидејќи со изградбата на далноводот од 400 kV и поврзувањето меѓу Македонија и Албанија, двете земји отворија нови можности за соработка и вклучување на регионалниот пазар", рече министерот за економија, Дритон Кучи. 

"Разговаравме околу прашањата на природниот гас, напредокот на проектот ТАП, опциите за поврзување на Албанија и Македонија, бидејќи можеме да имаме соработка може и во оваа област и во други економски сегменти", изјави министерот за енергетика и индустрија, Дамјан Ѓикнури. 

Министерот Панарити му се заблагодари на министерот Кучи за неговиот придонес во решавањето на проблемот со блокираните камиони со земјоделски производи од Албанија, кои беа запрени од земјоделскиот инспекторат на граничниот премин Блаце. Министерот Кучи изјави дека трговската размена меѓу двете земји треба да се развива без пречки, додавајќи дека македонската Влада по негово барање, донесе заклучок во иднина запрените продукти да се чуваат во соодветни депоа, додека се спроведуваат фитосанитарните контроли.

За време на средбата со министерот Едмонд Хаџинасто, двајцата министри заклучија дека инфраструктурното поврзување меѓу двете земји забележува значаен напредок. Министерот Кучи го информираше неговиот колега дека автопатот Кичево-Охрид, која е дел од коридорот 8, со вредност од 375 милиони евра, се реализира според предвидената динамика, а по неговото завршување ќе се овозможи многу полесно движење на луѓе и стоки во двете земји.

Тирана, 29.04.2016