Дритон Кучи се сретна со заменик-премиерот на Косово Хајредин Кучи

13.05.2016 16:08:26

Министерот за економија Дритон Кучи, за време на неговата официјална посета на Косово имаше средба со заменик-премиерот и министер за правда на Република Косово, Хајредин Кучи.

За време на средбата двајцата министри разговараа за потребата за интензивирање на соработката, не само во областа на економијата, туку во сите области на соработката.

Министерот Кучи се заблагодари за приемот и континуираната поддршка од Косово, како и на одличните односи меѓу Македонија и Косово.

Во текот на разговорот, се изрази неспорна волја за понатамошно развивање на соработката меѓу двете земји на секое поле.

Министерот за економија Кучи, потврдувајќи ја својата подготвеност за унапредување на оваа соработка, изрази честитки кон двете големи остварувања на Косово, позитивна препорака за визна либерализација со ЕУ и влезот на Косово во УЕФА.

На средбата се истакна дека добрите односи меѓу двете земји имаат позитивно влијание врз регионалниот развој и стабилност, а во исто време им служи за забрзување на евро-атлантската агенда на Косово и Македонија.

 Приштина 12.05.2016