Средба на министерот Кучи со министерот за инфраструктура на Косово, Љутфи Жарку

13.05.2016 16:18:10

Министерот за економија Дритон Кучи во Приштина се сретна со министерот за инфраструктура на Република Косово, Љутфи Жарку.

Во текот на пријателската средба, се разговараше за развојот на инфраструктурни проекти, кои привлекуваат се повеќе граѓани на двете земји. Двајцата министри ги истакнаа одличните односи меѓу двете земји, со надеж дека во иднина таа соработка ќе се материјализира во конкретни проекти.

Министерот Жарку го информираше министерот Кучи за достигнувањата во областа на инфраструктурата, со посебен акцент на автопатот Приштина- граничен премин со Македонија, проект кој според него, со неговото завршување значително ќе го олесни движењето на луѓе и стоки од двете земји.

За време на средбата, министерот Кучи рече дека одличната соработка со Косово и понатаму ќе продолжи, врз основа на билатерални договори, спроведување на мерки за олеснување на трговската размена и зголемување на бројот на туристи во двете земји.

Приштина 12.05.2016