Министерот Кучи се сретна со министерот за земјоделство на Косово, Мемли Красниќи

13.05.2016 16:26:09

Министерот за економија Дритон Кучи во Приштина спроведе официјална средба со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Мемли Красниќи. 

Двајцата министри се согласија дека меѓу Косово и Македонија треба да се зголеми трговската размена на земјоделски производи. 

Министерот Кучи рече дека Македонија и Косово ќе го продолжат партнерството во областа на економијата и земјоделието, а ја нагласи потребата оваа соработка да се зголеми.  Министерот Кучи рече дека тоа ќе обезбеди потполна поддршка за да  бизнисите од двете земји немаат пречки во трговската размена.  

Министерот Красниќи, пак, истакна дека двете земји имаат добра економска соработка, особено истакна дека Косово треба да го зголеми своето присуство на пазарот во Македонија, поради фактот дека сега има повеќе разновидност на производи и квалитет, додавајќи дека двете земји имаат потенцијал на овошје и зеленчук како за производ така и за обработка, и дека во македонскиот пазар има простор за повеќе производи од Косово. Ова ќе влијае земјите од Западен Балкан да се надополнат и да си помагаат едни на други, рече министерот Красниќи. 

Двајцата министри се согласија дека двете влади ќе работат понапорно за да се создадат блиски врски помеѓу агробизнисот од Косово и Македонија.

Приштина, 12.05.2016