Министерот Дритон Кучи се сретна со претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели

16.05.2016 13:24:04

Министерот за економија Дритон Кучи за време на првата официјална посета на Косово се сретна со претседателот на Парламентот на Република Косово и новоизбраниот претседател на Демократската партија на Косово Кадри Вејсели, со кого разговараше за политичките и економските случувања во двете земји. 

Кучи и Весели во текот на средбата заклучија дека за двете држави од врвен приоритет е зачленувањето на НАТО и европската Унија, а дотогаш понатамошно унапредување на одличните економски и политички односи. 

Министерот Кучи упати честитки за успешниот процес за либерализација на визниот режим меѓу Косово и ЕУ, како и за приемот на Косово во УЕФА.

Приштина, 12.05.2016