Со финансиска поддршка од 11,4 милиони денари од Министерство за економија и Општина Чаир до крајот на годината ќе бидат обновени 97 излози во Старата скопска чаршија

02.10.2019 13:14:31

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го потпишаа договорот за Проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија со фирмата изведувач „Конструктор“ ДОО од Скопје.

Од буџетот на Министерството за економија за реализиација на овој проект се издвоени 9.700.000 денари, а од буџетот на Општина Чаир вкупно 1.700.000 денари за обновување на излозите на 97 дуќани во Старата скопска чаршија.

Поаѓајки од фактот дека токму оваа локација е несомнено најатрактивна за домашните и за странските туристи, сметаме дека секоја инвестиција со цел враќање на автентичноста како и нeјзината промоција и воздигнување е од клучен интерес. Непобитен е фактот дека Старата скопска чаршија има непроценлива вредност и потенцирањето на нејзините убавини и нејзината уникатност е неминовна од секој аспект. Денеска сме тука сите заедно да присуствуваме на овој свечен настан, каде што го одбележуваме почетокот на 3 -тата фаза од Проектот за Уредување на излозите во Старата скопска чаршија“ истакна министерот Бектеши.

Министерот информираше дека Министерството за економија во минатите години успеа во две фази да уреди 49 објекти во Блокот 3.2 во Старата скопска чаршија и со тоа да го подигне свеста кај граѓаните дека со зачувањето на автентичноста на старите објекти со што придонесе истите да бидат атрактивни за странски и домашни туристи.

„Со цел опфаќање на се поголем број на објекти обезбедивме средства за уредување на уште 97 објекти во Старата скопска чаршија за што ја задолживме Општина Чаир да ги превземе сите активности согласно Закон за отпочнување на постапката за регулирање на истите. Зза сите објекти Министерството за економија веке обезбеди согласности од Надлежните институци односно од Министерство за Култура – Конзерваторен Центар“ потенцираше Бектеши.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу истакна дека со реализацијата на овој проект се докажува јасно посветеноста на институциите за оживување на културниот и туристичкиот живот во ова место кое секој ден ги соединува нашите граѓани.

“Токму со реализацијата на овој проект ќе помогнеме во зачувувањето на тој скапоцен труд кој е егзистенционален извор на нашата традиција. Проектот во третата фаза опфаќа санирање на излозите на 97 дуќани во вкупен износ од 11.400.000 денари, сума обезбедена во партнерство со Министерството за економија.Реализацијата ја започнуваме уште веднаш со денешното потпишување на договорот со компанијата Конструктор ДОО која беше избрана по законски спроведената јавна набавка“ истакна градоначалникот Ганиу.

Според динамиката на извршување на активностите, очекувањата се дека до крајот на годината ќе бидат обновени сите 97 излози опфатено со овој Проект.