Бектеши: Работиме на конкретни мерки и предлози за зголемување на бројот на туристи

22.10.2019 13:47:00

Скопје, 22.10.2019  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска присуствуваше на работен состанок со претставници на Туристичко – угостителската комора (ТУК), Здружението ХОТАМ  и  Националната Асоцијација за дојдовен туризам (НАИТАМ).

На состанокот од страна на претставниците од туристичко-угостителскиот сектор бна министерот Бектеши му беа презентирани предлозите за нови модели за субвенционирање на странски туристи, но нов модел за осигурување од одговорност кај тур-операторите.

Министерот Бектеши изрази задоволство што прв пат во изминативе неколку години три здруженија од туристичко-угостителската дејност се здружија со заеднички предлози со цел подобрување на состојбите во овој сектор.

“Задоволство ми е што за прв пат во изминативе неколку години три здруженија од туристичко-угостителската дејност се здружија заедно со свои предлози, а ние како Министерство за економија добивме конкретни предлози се со цел да го развижиме туристичкиот сектор во нашата држава. Тоа покажува уште еднаш дека ние како институција сме транспарентни да дискутираме заеднички со сите засегнати страни во Република Северна Македонија со крајна цел подобрување на туристичката понуда на земјата. На овој начин ние истовремено даваме поддршка на целокупната економија, ако се земе во предвид влијанието кое што туристичкиот сектор го има врз Бруто домашниот производ“ истакна министерот Бектеши.

Тој потенцираше дека во текот на оваа година за таа цел беа донесени Законот за туристичка и угостителска дејност, а во моментов се работи на подзаконските акти.

„Тука сме да ги подобриме сите законски решенија согласно со европската пракса. Денеска веќе ги дискутиравме предлогозите на трите здруженија и јас како министер за економија следната неледа ќе свикам состанок со Работната група која работи на изготвување на подзаконските акти. Сметам дека за кратко време ќе изнајдеме заеднички прифатливо решение. Бидејќи сега се работи на изготвување на Буџетот за 2020 година, многу е важно за тур операторите имаат информација за нашите мерки и чекори, бидејќи на тој начин ќе имаат предвидливост за тоа кои се условите за субвенционирање на странски туристи“ потенцираше Бектеши и додаде дека и Министерството за економија и Владата секогаш ќе биде партнер на бизнис заедницата за да се изнајде решение кое ќе биде во интерес на сите чинители во овој сектор.

Новиот модел на субвенционирање кој го предлагаат претставниците од ТУК, ХОТАМ и НАИТАМ предвидува:

1. СУБВЕНЦИИ ЗА ЧАРТЕР ЛЕТОВИ ОД СИТЕ МЕСТА НА ПОАЃАЊЕ

-Авио превози кои имаат капацитет на леталата до 130 патници (7.500 евра по лет)

-Авио превози кои имаат капацитет на леталата над 130 патници (14.000 евра по лет)

-Редовни авио линии над 10 патници (субвенција по патник)

2.СУБВЕНЦИИ ЗА АВТОБУСИ ОД СИТЕ МЕСТА НА ПОАЃАЊЕ

-Субвенционирање на автобуски чартер линии со автобус до 30 патници – 500 евра по автобус

-Сувенционирање на автобуски чартер линии со автобус над 30 патници – 1000 евра по Автобус

3.СУБВЕНЦИИ ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕВОЗ

-Минимум група од 10 патници-пресметано по патник

Како услов за сите групи е минимум престој од 5 дена, а досега

Во делот на моделот на осигурување од одговорност кај тур-операторите претставниците од трите здруженија предлагаат три можности, а тоа е воведување на гарантен фонд, банкарска гаранција и осигурување од одговорност со вклучена несолвентност.