Средба Кучи-Лимани

27.05.2016 13:50:01

Министерот за економија Дритон Кучи денеска оствари средба со заменик генералниот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани, со кого разговараа за проектите кои се реализираат во електроенергетскиот сектор и во енергетските производствени капацитети. 

Кучи и Лимани разговараа за инвестициските активности на ЕЛЕМ, како за реализираните, така и за тековните и идните енергетски проекти кои се однесуваат на изградба на нови производни капацитети. 

Лимани, претставувајќи ги инвестиционите проекти на компанијата, информираше дека производството од домашни ресурси е најисплатливо и долгорочно решение за државата. 

Соговорниците заклучија дека е потребно да се продолжи со континуирано и стабилно производство на електрична енергија, како и за изнаоѓање на нови извори на енергија и подобрување на еколошката свест.

Скопје, 27.05.2016