Бектеши, Џемаили и Челику на терен во регионот Долнени за напредокот во набавките на тутун

05.02.2020 14:03:34

 

Денес министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерот за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Хисен Џемаили, државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Нефус Челику и други функсионери беа во посета на Долнени.

Целта на оваа посета на Бектеши е внимателно да се следи процесот на набавка на тутунот во центрите за собирање тутун во регионот.

Населението од овој регион главно се занимава со земјоделство, при што производството на тутун има висок квалитет и принос од 800 тони од оваа општина.

Владата на Република Северна Македонија континуирано е посветена на поддршката на граѓаните од претежно руралните области кои се занимаваат со набавка и продажба на тутун.