Министерот Бектеши се сретна со министерката за финансии на Република Албанија, Анила Денај: Дискусија за економски и финансиски теми

06.02.2020 14:55:56

Скопје, 06.02.2020  Министерот за економија Крешник Бектеши се сретна со министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај, други претставници на кабинетот на министерот Денај, како и со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Фатос Река.

На состанокот се разговараше за голем број теми што се од интерес за двете држави, како што е земјотресот што ја погоди Албанија во ноември, помошта од соседните земји во справувањето со штетите од земјотресот и за развојните програми што ги користат двете земји во регионот во економскиот и финансискиот аспект со што разменуваа искуства со позитивни резултати.

Министерот Бектеши истакна дека ваквите состаноци каде се споделуваат позитивни искуства меѓу државите и дискусиите за можна соработка се многу важни.

„Размената на искуства со соседните земји е од особено значење. За  слободните економски зони,  е еден многу успешен модел што Северна Македонија го спроведува скоро 10 години од кога започнавме, освен за инфраструктурните проблеми што државата директно ги гради преку создавање на специјален оддел кој се занимава со сервисирање компании по инвестиција, ние создадовме програми каде можеме да имаме флексибилност на инвестициите. Покрај зоните, ние создадовме и закон кој е за финансиска поддршка на инвестициите, рече министерот Бектеши.

Во меѓувреме, министерката за финансии и економија на Република Албанија, Анила Денај изјави дека штетата од неодамнешниот земјотрес што ја зафати Албанија е огромна и го оштети државниот буџет и им се заблагодари на Владата и народот на Северна Македонија за помошта дадена за време на земјотресот. Таа истакна дека донаторите се многу важни за реконструкција на погодените области, односно за развој на економијата. Министерката Денај истакна дека соработката продолжува преку техничките групи за користење на ресурсите.

„Сакам да се заблагодарам на вашата Влада и на вашиот народ затоа што во многу тешки моменти како што е тој со земјотресот бевте блиску до нас и кога тоа е придружено со конкретна помош кога имаме ситуации како што се она што го поминавме,зазема уште поголема вредност . Дури и оваа година можеме да почнеме да соработуваме со технички тимови кои ќе можат да користат макро ресурси и во специфични поглавја, во микро-контекст ние сме многу заинтересирани да ги знаеме своите или нашите слободни економски зони кои имаме 5 во број за да се ревитализираме. Убедени сме дека нашето заедничко патување кон Европската унија е процес поблизу до реалноста “, рече министерот Денај.

Двајцата министри едногласно изјавија дека сме на вистинскиот пат за членство во Европската унија што е можно поскоро и истакнаа дека затоа е секогаш потребна соработка во сите области.