ИЗВЕСТУВАЊЕ: Министерството за економија преземa превентивни мерки за заштита од ширење на COVID-19

12.03.2020 14:37:43

Согласно заклучоците и препораките на Владата на Република Северна Македонија, за превенција од ширење на COVID-19 донесени поради новонастанатата состојба со корона вирусот и неговото ширење во земјава и надвор од Република Северна Македонија, Министерството за економија ги превзема сите неопходни и превентивни мерки во смисла на сведување на минимум на присуство во поголеми групи во просториите на министерството, одржување само на итни и неодложни состаноци,  задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена, согласно листата на СЗО и дезинфекција на просториите. Воедно се препорачува до сите странки, корисници на услугите на министерството, избегнување на физичко присуство во просториите на министерството, (освен ако тоа е неопходно), а за сите информации да се обратат на тел: +389 2 3085 347 или на маил адреса: info@economy.gov.mk

Непочитување и прекршување на овие препораки повлекуваат одговорност за физичкото односно правното лице, согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.