Министерот Кучи прими донација во ИТ-опрема од американскиот Стејт Департмент

02.06.2016 12:02:13

Денеска во Министерството за економија беше направено примопредавање на донацијата на ИТ опрема од страна на Стејт Департментот на САД, преку Амбасадата на САД во Македонија. По тој повод министерот за економија Дритон Кучи и програмскиот менаџер во Амбасадата на САД Џорџ Кларк, кој е надлежен за спроведување  на годишната Програма за контрола на извоз и гранична безбедност за Република Македонија и Република Косово, имаа средба и претставување на опремата во вредност од 11.648 долари, за доопремување на дел од секторот за меѓународна трговска соработка.

Имено, во рамки на годишната Програма за контрола на изозот и гранична безбедност, што ја подготвува Бирото за интернационална безбедност и непролиферација во рамки на американскиот Стејт Департмент, наменета за земјите од регионот, вклучувајќи ја Република Македонија, последните две години Министерството за економија имаше потреба за информатичка опрема за ефикасно опремување на секторот за меѓународна трговска сорабокта, во чија надлежност е контролата на извоз на стоки и технологии со двојна намена.

Имајќи предвид дека Министерството за економија е надлежно за примена на ТРАКЕР системот (единствен систем за електронско доставување/размена на строго доверливи документи и барања од фирмите кои вршат извоз на стоки и технологии со двојна намена), кој е унифициран на светско ниво и се користи од 2007 година, неопходна беше поддршка на системот со нова опрема. Првата донација од Стејт Департментот е спроведена во јуни 2015 година, во вредност од 8.840 долари, а втората, предадена денеска, беше одобрена пред еден месец. Вкупната вредност на двете донации е 20.488 долари.

 Скопје, 01.06.2016