Министерот Кучи оствари работен состанок со претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора

03.06.2016 13:15:45

Министерот за економија Дритон Кучи денеска оствари средба со претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски.

На средбата се разговараше за продлабочувањето на деловната соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Двајцата соговорници разменија идеи околу можностите за подобрување на патното поврзување помеѓу двете земји. Министерот Кучи истакна дека  Министерството за економија ќе продолжи со поддршката што ја дава на оваа и на сите други стопански комори во Македонија, особено околу реализација на проектите кои се од заеднички интерес на двете земји, а се во рамки на активностите на македонско-бугарската комора.

Македонија и Бугарија, како две соседни земји континуирано негуваат пријателски односи, а на економски план се бележи континуирано зголемување на обемот на економска соработка, меѓугранични проекти и поддршка во стратешки проекти за инфраструктурно поврзување, како што е поврзувањето со автопат и железничка пруга. Двете страни се согласни со потребата од проширување на економската соработка во повеќе сегменти, а за тоа е неопходно подобрување на  патната инфраструктура за што и Македонија и Бугарија прават напори да се изнајдат средства за изградба на нов автопат што би  придонело за зголемување на трговската размена. 

 

Скопје, 02.06.2016