Министерот Кучи имаше работен состанок со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач

03.06.2016 15:29:13

Министерот за економија Дритон Кучи денеска оствари прва средба со директорот на Енергетската заедница, Јанез Копач. Главната тема на која разговараа Кучи и Копач беа реформите кои произлегуваат од Договорот за основање на Енергетската заедница, при што беше претставен напредокот на секоја земја членка на Енергетската заедница во однос на реформските активности предвидени со Договорот, вклучувајчи ја и Република Македонија.

Министерот Кучи ги презентираше преземените чекори кои се дел од реформите во енергетскиот сектор во Република Македонија, како и активностите за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, што произлегува од Договорот за основање на Енергетската заедница каде Македонија е членка.

На состанокот беше дискутирано и за престојниот Самит во Париз, кој ќе се одржи во јули 2016 година, со акцент на спроведување на меките мерки од земјите во регионот.

И двете страни изразија волја и подготвеност за спроведување на засилени реформи и продлабочена соработка во делот на исполнување на обврските во енергетскиот сектор. 

Скопје, 03.06.2016