Средба на Бектеши со менаџментот на ТАВ: Парите предвидени за изградба на карго –аеродромот во Штип ќе се пренаменат за изградба на училишта, градинки, водовод и канализации

21.09.2020 13:03:26

Скопје, 21.09.2020   Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со менаџментот на ТАВ Македонија.

Министерот Бектеши информираше дека во текот на минатата година Министерството за економија направи измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвара можноста средствата предвидени во договорот за концесија со ТАВ Македонија, наменети за изградба на карго -аеродром во Штип да се пренаменат за проекти од јавен интерес на државата.

Министерот информираше дека до во наредниот период Владата и концесионерот ќе склучат анекс на договорот за концесија со што од следната година ќе започне реализацијата на проектите.

„Анализите покажуваат дека изградбата на карго-аеродромот во Штип не е економски оправдана и сакаме тие средства да ги пренамениме за проекти од јавен интерес за подобрување на животот на сите граѓани како што се училишта, градинки, водоводи, канализации и реконструкција на општински згради се со цел да се олесни пристапот до услуги за граѓаните. Се работи за сума од 49,7 милиони евра“ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека општините веќе минатата година доставија свои проекти кои се приоритетни за реализација

„Владата има список на проекти кои се приоритетни за реализација а се доставени од општините.Кога ќе се потпише анекс-договорот ќе бидат објавени и проектите кои што ќе се реализираат и динамиката за новна реализација“ информираше министерот Бектеши.

Министерот Бектеши кажа дека и во наредниот период ќе продолжи успешната соработа помеѓу Министерството за економија и ТАВ Македонија со цел подобрување на услугите за граѓаните.