Министерот Дритон Кучи се сретна со амбсадорот на НР Кина, Вен Женшун

13.06.2016 14:30:31

Министерот за економија Дритон Кучи, денес оствари работна средба со Амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Н.Е. Вен Женшун. Кучи и Женшун разговараа за успешната соработка помеѓу двете пријателски држави. 

Амбасадорот Вен Женшун  ја искористи можноста му го честита именувањето на Г-дин Дритон Кучи за Министер за економија и му посака успешна работа, потврдувајќи ја силната поддршка на НР Кина за Македонија и Министерството за Економија. 

На состанокот се зборуваше за досегашните реализирани проекти во областа на енергетиката, како што беше изградбата на електраната Козјак, а од кинеска страна се нагласи интересот на компании од Кина за изградба и на електраните Чебрен и Галиште. Се спомнаа и проектите за изградба на патната инфраструктура во Македонија кои се во фаза на реализација како што е изградбата на автопатот Кичево-Охрид-Струга. 

Министерот Кучи се заблагодари на соработката и изрази надеж дека истата ќе се продлабочи и ја посочи потребата за изградба на патниот правец Скопје-Блаце кој е доста фреквентен и многу важен за трговската размена меѓу Македонија и Косово. 

Кинеската страна напомена дека оваа година треба да се одржи состанок на Мешовитиот Комитет помеѓу Македонија и Кина во Скопје, по тој што се одржа во Пекинг. 

Министерот Кучи ја истакна подговеноста на македонската страна за реализација на овој состанок. На крај, кинеската страна упати покана за Министерот Кучи да присуствува на Меѓународниот саем во Шамен во септември оваа година. 

 Скопје, 13.06.2016