Министерот Кучи се сретна директорот на УСАИД Џејмс Стајн

28.06.2016 15:52:36

Mинистерот за економија, г-н Дритон Кучи, денеска оствари работна средба со директорот на УСАИД во Македонија, г-н Џејмс Стајн.

На средбата која сеодржа на барање на г-н Стајн се разговараше за досегашната успешна соработка што УСАИД ја има со Министерството за економија.

Министерот Кучи ја потврди својата безрезервна поддршка за продолжување на соработката во иднина, и му се заблагодари на директорот Стајн за поддршката што владата на САД и пријателскиот американски народ ја даваат на Министерството за економија и на нашата земја од 1991 година.

Кучи и Стајн сесогласија досегашната успешна соработка меѓу Министерството за економија и УСАИД да продолжи со реализација на повеќе проекти во корист на компаниите и граѓаните во областа на енергетиката, туризмот, и олеснување на трговијата.

Министерот Кучи, за време на средбата ја искористи можноста да му го честита на г-н Стајн 4 јули, 240-годишнината од независноста на САД.

Скопје, 28.06.2016