Министерот Кучи се сретна со амбасадорката на Франција Лоранс Оер

24.08.2016 08:49:50

Министерот за економија г-дин Дритон Кучи, денеска во проштална средба ја прими Н.Е. г – ѓа Лоранс Оер, амбасадор на Француската Република во Република Македонија. 

Кучи и Оер ја оценија економската соработка меѓу Македонија и Франција многу успешна,  со голем потенцијал за нивно продлабочување во сферата на нови инвестиции од француски компании, нивен ангажман во изградба на енергетски капацитети,како и зголемување на бројот на  туристи од Франција во нашата земја.

Министерот Дритон Кучи се заблагодари за поддршката што Република Франција ја дава на Република Македонија, посебно на Министерството за економија, а се заблагодари за личниот ангажман на амбасадорката Оер, за подготовките околу парискиот самит. Македонија е дел од Европа, но и во иднина ќе ни е потребна поддршката на Франција за зачленување во ЕУ и НАТО, изјави министерот Кучи.

Амбасадорката Оер го информира министерот Кучи за зголемениот интерес на големи државни фирми од Франција да се приклучат во изградба на капацитети во Македонија, како што се железничката пруга кон Бугарија, инвестирање во слободната економска зона во Тетово, како и во изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

Оер изрази уверување дека Франција ќе остане посветена на продлабочување на економската соработка. Министерот Кучи и се заблагодари за нејзиниот придонес и и посака успех во натамошната кариера.

Скопје, 23.08.2016