Министерот Кучи оствари средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто

07.09.2016 09:56:55

Министерот за економија Дритон Кучи во рамките на Стратешкиот форум во Блед оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија Петер Сијарто.

За време  на средбата двајцата министри ја истакнаа извонредната соработка меѓу Македонија и Унгарија на сите полиња, особено во делот на економијата, поради што кон крајот на годината се очекува да биде пуштена директна авионска линија Скопје-Будимпешта-Скопје.

Сијарто го информираше министерот Кучи дека унгарската Ексим банка ќе додели кредит во висина од 70 милиони евра за малите и средни компании, каде што ќе можат да аплицираат и компаниите од Македонија.

Министерот Сијарто го покани министерот Кучи во Будимпешта, каде на 8 и 9 септември се одржува енергетска конференција за земјите од Централна и Југоисточна Европа.

 Блед, 06.09.2016 година